Драма или терористички напад во автобус бр. 16 на ЈСП ?



Вистинска драма попладнево предизвикале  двајца мажи во автобус бр. 16 на ЈСП. Вооружени со пиштол најпрво му го попречиле патот на автобусот  на семафори во центарот на Скопје, а потоа и насилно се обиделе да влезат. Откако не успеале двајцата напаѓачи почнале со пиштолот да се закануваат дека ќе пукаат и во возачот и во патниците кои во тој момент се наоѓале во автобусот.  Токму вознемирените граѓани сведоци на целиот инцидент први ја алармирале полицијата.
Од МВР попладнево го потврдија инцидентот. Велат дека околу 13:30 настанот во полиција го пријавиле 10-тина граѓани.
По брзата интервеција на полицијата веќе е приведен еден од напаѓачите, додека МВР се уште трага по вториот. Пронајдено е и возилото  со гостиварски регистерски таблички, како и пиштолот од кој напаѓачите непосредно по инцидентот се обиделе да се ослободат.

Полицијата се уште работи на целосно расчистување на настанот и утврдување на причините за настанување на инцидентот. Од МВР повеќе детали најавуваат во текот на утрешниот ден.


Нема коментара