Кој e уапсениот менаџер Силјаноски и со кои македонски фудбалери соработувал?


Dragan Siljanoski, l’agent de Leko, également placé sous mandat d’arrêt
По кариерата во чаирска Слога, заминува на гурбет и тоа во Белгија, во екипата на Антверпен, со посредство на срспкиот менаџер Ранко Стојиќ. Таму игра пет години, за во 2007 година да замине во израелски Макаби, каде што ја завршува кариерата.
Веднаш по завршувањето на играчката кариера, тој се сели во Белгија и почнува да работи како фудбалски менаџер. Секако, соработува со српски и хрватски менаџери, а таму и се запознава со Дејан Вељковиќ и тренерот Иван Леко, за кого белгиските медиуми пишуваат дека се мозокот на цела операција.
Силјаноски во такот на менаџерската кариера соработува со многу македонски фудбалери, а бидејќи беше „специјалист“ за Белгија, речиси секој трансфер на наш играч кој одеше во тамошен клуб,  беше преку Вуко. Така, тој посредуваше на трансферите на Томе Пачовски, Горан Мазнов, Ертан Демири, Ндерим Неџипи, а најпознат е сегашниот македонски репрезентативец Иван Тричковски. Силјаноски дури посредуваше и на транферот на Тричко од Белгија во Ал Наср, за кој се споменуваше дека е вреден над еден милион евра.
Силјаноски утринава е главна вест на сите белгиски медиуми и тоа како деветти приведен актер во акцијата „Чисти раце“. Се потенцира дека една од причините поради која е дел од истрагата е што е менаџер на хрватскиот тренер Иван Леко, кој е првоосомничен како предводник на Бриж. Тој работи и со хрватскиот фудбалер во редовите на Андерлехт, Иван Сантини, кој иако досега не е споменат од истражните органи, сепак, е поврзуван со скандалот.

https://sport1.mk/fudbal/svet/koj-e-siljanoski-uapseniot-menadzher-i-so-koi-makedonski-fudbaleri-sorabotuval

Нема коментара