URL
URL
URL (англ. uniform resource locator = „еднообразен пронаоѓач на ресурси“) или URL-адреса е дадена низа од знацикоја игра улога на упат (се повикува на) на извесен ресурс на семрежјето.
Содржина
Историја
Еднообразниот пронаоѓач на ресурси е создаден во 1994 од Тим Бернерс-Ли и работната група за URI во рамките на IETF како исход од соработката што започнала во 1992 со седницата на IETF Living Documents насловена како „Birds of a Feather“[1][2] Форматот го здружува веќе постоечкиот систем на доменски имиња (создаден во 1985) со синтаксата за податотечна патека, каде десната коса црта се користи за одделување на папката од името на податотеката. Веќе постоела општоутврдена практика имињата на опслужувачите да се приложуваат во патеките на податотеките, ако им претходи двојна коса црта (//).[3]
Синтакса
Секоја URL-адреса се состои од некои од следниве елементи: име на шемата (протоколот), проследено со две точки, две коси црти,[note 1] а потоа, зависно од шемата, доменско име[note 2] (или пак, IP-адреса), бр. на порта, патеката на ресурсот што треба да се повика или програмот што треба да се пушти, а потоа, за програми како CGI-скрипти, повикувачка низа,[5][6] и назнака на дел (по потреба).[7]
Синтаксата гласи:-
šema://domen:porta/pateka?povikuvačka_niza#naznaka_na_delot
šema://domen:porta/pateka?povikuvačka_niza#naznaka_na_delot
- Името на шемата го определува именскиот простор, целта и синтаксата на останатиот дел од URL-адресата. Програмската опрема потоа се обидува да ја обработи URL-адресата според нејзината шема и контекст. На пример, прелистувачот обично ја разложува URL-адресата http://primer.org:80 извршувајќи HTTP-барање до домаќинот на primer.org, користејќи порта бр. 80. URL-адресата mailto:nikola@primer.com би повикала составувач на е-пошта со адресата nikola@primer.com во полето „До“ (To).
Други примери за имиња на шеми се https:, gopher:, wais: и ftp:. URL-адресите со https како шема (како https://primer.com/) бараат барањата и одговорите да се вршат со безбедна врска со мрежното место. Некои шеми што бараат овластување допуштаат вметнување на корисничко име и лозинка во самата URL-адреса, како на пр. ftp://kpetkovski@ftp.primer.org. Вака вметнатите лозинки не се погодни за безбедно мрежно работење, но полната можна синтакса е
šema://korisničkoime:lozinka@domen:porta/pateka?povikuvačka_niza#naznaka_na_delot
šema://korisničkoime:lozinka@domen:porta/pateka?povikuvačka_niza#naznaka_na_delot
- Доменското име или IP-адресата ја задава одредницата на URL-адресата. Доменот google.com, или неговата IP-адреса 72.14.207.99, е адресата на мрежното место на Google.
- Делот на URL-адресата што е доменско име не разликува мали и големи букви, бидејќи системот на домаќински имиња (DNS) не ја прави таа разлика: http://mk.primer.org/ и HTTP://MK.PRIMER.ORG/ ја отвораат истата страница.
- Бројот на портата е незадолжителен; ако се изостави, тогаш ќе се употреби веќе зададениот во шемата. На пример, http://vnc.primer.com:5800 се поврзува со портата 5800 на vnc.primer.com, кој може да е подобен за далечинска седница со VNC. Ако се изостави бројот на портата кај URL-адреса со „http:“, тогаш прелистувачот ќе се поврзе со портата 80, која е основно зададена порта за HTTP. Основната порта за „https:“-барање е 443.
- Патеката што се користи за укажување и (можеби) пронаоѓање на бараниот ресурс. Патеката разликува големи и мали букви, иако некои опслужувачи не го признаваат разликувањето, особено оние што работат на Microsoft Windows. Ако опслужувачот разликува големина на буквите, а http://mk.primer.org/wiki/URL е исправно, тогаш http://mk.primer.org/WIKI/URL или http://mk.primer.org/wiki/urlќе даде грешка HTTP 404, освен ако самите овие URL-адреси не водат до важечки ресурс.
- Повикувачката низа содржи податоци што му се предава на програмот што работи на опслужувачот. Може да содржи парови име-вредност одделени со амперсанди, како на пр. ?first_name=Petar&last_name=Popovski.
- Назнаката на делот (фрагментот), ако ја има, укажува дел или положба во рамките на целокупниот ресурс или документ. Кога се користи со HTTP, обично укажува пасус или некое место на страницата, па така прелистувачот оди надолу за да го прикаже тој дел од страницата.
Апсолутни и релативни URL-адреси
Според RFC 1738 РФЦ1738, каде во во 1994 се дадени дефинициите за URL, ресурсите што содржат наводи до други ресурси можат да користат релативни (односни) врски за определување на наоѓалиштето на вториот ресурс, или, во зборовен облик: „на истово ова место, но со следнава релативна патека“. Стандардот потоа вели дека ваквите релативни URL-адреси се зависни од изворните URL-адреси што содржат хиерархиска структура на која се темели релативната врска, и дека URL-шемите
ftp
, http
и file
се примери за имиња што може да се сметаат за хиерархиски, со тоа што составните делови на хиерархијата се одделуваат со „/“.[8]URL-адреси како пронаоѓачи
URL-адреса е URI која „покрај тоа што го претставува дадениот ресурс, дава начин за негово пронаоѓање, опишувајќи го неговиот главен пристапен механизам (на пр. неговото мрежно наоѓалиште)“.[9][10]
Домаќински имиња на семрежјето
На семрежјето, домаќинско име (hostname) е доменско име што го добива домаќинскиот сметач. Ова обично е комбинација од локалното име на домаќинот со името на матичниот домен. На пример, mk.primer.org се состои од локалното домаќинско име (mk) и доменското име primer.org. Домаќинското име се преведува во IP-адреса преку локалната домаќинска податотека, или пак со разложувачот на системот на домаќински имиња(DNS). Еден сметач-домаќин може да има неколку домаќински имиња; но обично оперативниот систем на домаќинот претпочита да работи само со едно име, што домаќинот го користи за себе.
Секое доменско име може да биде и домаќинско име, под услов да задоволуваат ограничувања. На пример, и „mk.primer.org“ и „primer.org“ можат да бидат домаќински имиња, под услов да имаат доделени IP-адреси. Доменското име „xyz.primer.org“ не може да биде домаќинско име ако нема IP-адреса, но „aa.xyz.primer.org“ сепак може да биде домаќинско име. Сите домаќински имиња се и доменски, но не сите доменски имиња се домаќински.
Post a Comment