Зошто посветувам толку внимание на „бојкотпатриотизмот“ ???
На терен кај Македонското гласачко тело ВМРО ДПМНЕ убедливо води пред СДС, до крајот на кампањата разликата помеѓу овие две партии во корист на ВМРО ДПМНЕ се очекува да стигне до 100.000 гласа разлика. Очекуван број на гласови кои ќе ги освои ВМРО ДПМНЕ ќе се движи помеѓу 400 – 430.000 гласа.
Разликата од минус 100.000 гласови СДС ќе се обиде да ја компензира со гласови од албанскиот блок од каде што може да очекува не повеќе од 80.000 гласа. Очекуван број на гласови кои ќе ги освои СДС заедно со ДУИ ќе се движи помеѓу 380.000 – 400.000 гласа.
Алијансата на Албанците и крилото на Беса во првиот круг ќе освојат околу 80 – 90.000 гласа. За оваа опција ќе гласаат во најголема мера гласачи кои нема да сакаат да го дадат гласот за Македонски кандидат и очекувано е истите во најголем број во вториот круг да не излезат да гласаат.
Цензусот сигурно ќе биде надминат!!!
Е сега каде се тука активистите кои повикуваат на бојкот на изборите???
Очигледно е дека нивен таргет е гласачкото тело на ВМРО ДПМНЕ, и истите треба да одработат во интерес на СДС и да отцепат 15 – 20.000 гласови од ВМРО ДПМНЕ со што извесната победа на ВМРО ДПМНЕ ќе ја доведат во прашање и ќе направат простор со разни изборни инжињеринзи да биде одземена уште една победа на ВМРО ДПМНЕ!!!
Носителите на идејата за бојкот на изборите може да анимираат мала група од традиционалното гласачко тело на ВМРО ДПМНЕ но штетата која може да ја направи оваа група е многу голема.
Одтука произлегува потребата да не дозволиме да бидеме заведени со бојкотпатритизмот, бидејќи секој глас кој нема да биде ефектуиран во гласачката кутија ќе значи глас за СДС, глас кој ќе обезбеди победа на СДС на претседателските избори, која во домино ефект ќе предизвика внатрепартиски „немири“ во ВМРО ДПМНЕ кои ќе ја одалечат партијата од превземање на власта за најмалку уште еден мандат на СДС.
На сите нас ни е кристално јасно што значи секој еден ден власт на СДС, продажба на национални интереси, криминал, корупција, економска и социјална беда!!!
Секој ден власт на СДС ќе значи гасење на надежта и борбата за повторно возобновување на Македонското име и идентитет.
Сила имаме, шанса имаме!!!
Да не дозволиме можноста за возобновување на Македонското име и идентитет да биде пропуштена!!!
Моќно ВМРО ДПМНЕ, Силна Македонија!!!
Thank you for content. I like it and my site is different for your site. please visit my site. เครดิตฟรี
ОдговориИзбришиThank you for content. I like it and my site is different for your site. please visit my site. แจกเครดิตฟรี ฝากถอนง่าย
ОдговориИзбриши