Што предвидел дедо Зафир од Кратовско за почетокот на 20-тите години на веков
Краток расказ од дедо Зафир
Ќе има неверојатна и многу силна битка на пропаганди за менување на националната свест и начин на размислување во однос на името, идентитетот и историјата на македонскиот народ. Не само на свеста на помладите и идните генерации преку учебниците и училиштата, туку и на повозрасните граѓани преку невидена досега и крајно суптилна а можеби и брутална перманентна кампања истовремено, дебело платена пропаганда.
Цената и бројот на луѓето кои ќе живеат од пропаганда во корист на туѓи центри ќе расте.
Исто како што било и порано низ историјата, на пример пред 100 или 120 години. Тогаш пропагандата била преку црквите кои биле највлијатени, свештениците, учителите, подоцна и преку весниците…Во голема мера и влијанието на елитата во општеството која не целосно, но значаен дел секогаш конформистички се приклонува онаму каде се чуствува побезбедно, а тоа е секогаш кај посилниот а не кај оној на чија страна е правдата.
Идејата на таа пропаганда ќе биде преку промена на свеста и начинот на размислување, во смисла дека вака ни е подобро, дека немаме никаква загуба од тоа што попуштивме, дека всушност претходно сме биле искомплексирани, во заблуда, ретроградни, заведени, заробени и слично, ама веќе сме модерни, слободни, напредни, посакувани, ценети, прифатени, и не сме се тоа што сме биле, итн.итн. И ние навистина сето тоа ќе бидеме, но поразени. Поразени по прашањето на нашиот идентите, име, историја, култура, самоопределување…СЛОБОДА!!! Поразени со затворено македонско прашање на штета на македонците. Од македонците ќе зависи дали ќе го прифатат тоа долгорочно. Краткорчно веќе ни е наметнато.
Разноразни организации, фондации,,,филантропи,, ,здруженија и слично кои ќе бидат параван на туѓата пропаганда ќе продолжат да ги таргетираат најдобрите и најнапредни млади луѓе во општеството, ќе им даваат огромни можности за лесна заработка, финсирање на нивно подобро образование и патувања низ светот, со цел да дозволат да бидат изложени на индоктринација и по можност и самите да бидат обучени за индоктринатори на останатото население или барем нивната околина. Да тоа е правиот збор: индоктринација.
Чорбаџии кои ќе биде јасно дека работат неисплатливо, врбувани сопственици , голем дел од најдобрите аналитичари, даскали, или било какви вајари на свеста на народот, се ќе биде ставено во погон и финасиски подмирено за една силна индоктринација за дефинитивно менување и бришење на националната свест и начин на размислување како последна опасност за опстанок на македонската нација, идентитет, име и свест за историјата каква што била реално.
Целта меѓудругото ќе биде сите кои работат во тој правец да се ,,ѕвездите,, во општеството, успешните, елитата, пример на кој секој треба да се угледа за да е ценет и почитуван, преплатени, превреднувани…, а тие што мислат спротивно и што се борат за македонската национална кауза да се ретроградните, маргиналците, да се опишани како забегани, криминалци, насилници, нереални, прости, конфликтни, проблематични личности и назадни.
Па зарем е сега различно?
Да не заборавиме: најсилен одговор на сите вакви пропаганди насочени кон младите е домашното воспитување и влијание. Најдобра битка до победата против било какви учебници кои ќе им ги наметнат на нашите деца, е влијанието, подучувањето и активното објаснување и креирање свест од страна на родителите. Тоа е посилно од се, и најсилен одговор на пропагандите, ако е систематски и во навремена возраст започнато. Како би опстојала македонската свест низ децениите под турско, српско, бугарско итн ако не биле пренесувањата на националната свест во домот од колено на колено?!
Post a Comment