ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА МЕДИЦИНАТА: САД ОДОБРИ ЛЕК ПРОТИВ РАК




Novartis

САД го одобрија првиот медицински третман за редизајнирање на имумолошкиот систем на пациентот за самиот да ги напаѓа ќелиите на ракот.
Американската агенција за храна и лекови соопшти дека донеле историска одлука за светската медицина со самото тоа што го одобриле овој третман.
Станува збор за таканаречен “жив лек”, а се прави посебно за секој пациент. Лекот се прави од белите крвни зрнца на секој пациент кои што подоцна генетски се модифицираат и се враќаат во телото на пациентот. Со самото модифицирање белите крвни зрнца потоа самите ги напаѓаат ќелиите на ракот.
Како што пренесува BBC лекот се прави според организмот на пациенот и секој лек е различен, за разлика од хемотерапијата која што е универзална.
Сепак има и една лоша страна која што секако е останата да се напомене на самиот крај, а тоа е дека еден ваков третман компанијата Novartis го наплаќа 475.000 долари

Нема коментара