Предквалификации за Светско Првенство во Кошарка 2019 година
Пред нашите
репрезентативни кошаркари кои ќе настапат во националниот сениорски состав стои
многу сериозен предизвик.
Противници
ни се селекциите на Словачка и Швајцарија.
Словачка
е сериозен противник со која летово одигравме два пријателски натпревари на
нивен терен. Станува збор за селекција засилена со двајца американци кои добија
право за настап, од кои едниот е натурализиран Словак.
Швајцарија
е селекција со која немаме играно и е просечна репрезентација која мораме
да ја совладаме на двата натпревари. Првиот натпревар е во Попрад против
Словачка на 23 ноември во 18 часот.
Што
се однесува до Македонската репрезентација, на првиот тренинг и прозивка се
појавија 14 кошаркари : Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар
Костовски, Бојан Крстевски, Ненад Димитриевиќ, Дарко Соколов, Димитар
Караџовски, Бобан Стајиќ, Адем Мекиќ, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуровски, Кирил
Николовски, Љубомир Младеновски и Бојан Трајковски- од 24 повикани на
поширокиот список. Некои откажаа а некои како Чековски пријавиле повреда.
Крилниот центар Бојан Трајковски кој дојде кратко на прозивката пријави повреда
на препоните и побара да биде ослободен од репрезентативните обврски за да го
реши здравствениот проблем. Во ситуација кога имаме недостаток на високи играчи
под кошевите нејасно е зошто ги нема во составот младиот Маслинко (208см) и
Дујковиќ (226см) и целата тежина на центарските позиции ќе падне на
Младеновски, Николовски и Крстевски. Љубомир Младеновски одлично се прилагоди и
игра во Словенија во Илирија и очекуваме со Николовски да одиграат
солидно под двата коша каде сме ,,најтенки,, , бидејки ги нема нашите
натурализирани Американци. Играта повторно ќе ја носат пониските играчи-браќата
Војдан и Дамјан Стојановски, бековите-Магдевски, Димитриевиќ, Соколов, крилото
Ѓуровски, во зависност со кој ростер ќе настапи селекторот Јорданчо Давитков.
Времето
до 23 ноември е кратко, меѓутоа овие играчи одлично се познавааат и очекуваме
победи против селекциите на Словачка и Швајцарија и за брзо време да го вратиме
сјајот на Македонската кошаркарска репрезентација.
Автор:
Кремац
Post a Comment