ЕВРОЛИГА 9то коло


Евролигашките натпревари продолжуваат со деветото коло. Во четврток играат  Жалгирис : Анадолу Eфес , Бросе Бамберг:Валенсија, Милано:Олимпијакос, Барселона : Макаби и Црвена Звезда : Басконија.


Мечот Жалгирис : Анадолу Eфес ќе биде неизвесен. Тимот од Истамбул ќе се обиде со доминантна игра под кошевите и скоковите пред се на Владимир Штимац и Брајан Данстон да ја искористи најголемата маана на противникот  да извојува победа. Жалгирис е тимот што недостатокот со скокови го компензира со шутови и многу ќе зависи од прецизноста на шутерите на Жалгирис каков ќе биде конечниот резултат.


Бросе Бамберг и Валенсија имаат неколку порази во сите категории. Доколку Бамберг успее да го задржи Ерик Грин,имаат добри шанси да победат на натпреварот.

Милано и Олимпијакос ќе играат интересен натпревар. Милано има многу повредени играчи меѓу кои и Ендру Гаудлок и ќе се обиде да ја прекине добрата серија на Олимпијакос, за која најавено е дека нема да настапи повредениот Спанулис.

Барселона : Макаби е дуел меѓу два великани на кој се очекува победа на Барселона.
Црвена Звезда изигра многу натпревари и помина долг пат на релација Атина-Истанбул-Загреб-Задар-Белград и ќе игра дома со разиграната Басконија предводена од Педро Мартинез. Басконија е во серија од шест победи во последните седум натпревари. Моментално Басконија е благ фаворит на натпреварот што ќе се одигра во Белград.

Во петок играат Фенербахче : Кимки, Панатенаикос : Реал Мадрид, и Уникаха Малага : ЦСКА Москва. 
Фенербахче е фаворит и покрај тоа што Кимки го има извонредниот Алексеј Швед. И двата тима досега имаат по пет победи и три пораза.

Панатенаикос : Реал Мадрид ќе биде дерби натпревар неизвесен до самиот крај. Благ фаворит е тимот на Панатенаикос.



Последниот натпревар Малага : ЦСКА Москва  би требало да биде без многу неизвесност а апсолутен фаворит е гигантот од Русија-ЦСКА Москва. Во секој случај не очекува интересно коло од натпреварите во Евролигата во кошарка.



Нема коментара