ПРЕТЕПАН ШУМОЧУВАР ВО МАКЕДОНСКИ БРОД: Двајца браќа вработени во „Македонски шуми“ краделе дрва и го претепале шумочуварот.



Двајца браќа вработени во Македонски Шуми во Македонски Брод го претепале реонскиот шумочувар Винко Костоски, според Инфомакс, откако истиот извршил контрола на сечата која ја правеле браќата како што е објавено на сајтот браќата Д.В и Р.В, инаку шумочувар и референт по приватни шуми на ден 22.11.2017 година во 14.30 часот вршеле бесправна нелегална сеча и пустошење на шума. Кога реонскиот шумар Винко Костоски им извршил контрола и ги открил крадците бил брутално нападнат и натепан со секира, клоци и тупаници. Истиот го пријавил случајот во полиција, а бил префрлен и во болницата во Прилеп поради сериозноста на повредите.


Двајцата браќа биле пријавени дека се на работно место, додека вршеле кражба на дрва, а и претходно биле казнувани и еднаш суспендирани поради исти дела.

Нема коментара