КОШАРКА АБА ЛИГА - деветто коло


Во петок стартува деветото коло од Аба лигата со натпреварот ФПМ:Мега. Тоа е дуел на два  српски тима со горе долу изедначен квалитет и натпревар во кој блага предност би требало да има ФПМ,предводени од извонредниот плејмеркер Јовиќ и високиот нигериец Оџо кој одлично игра во поле и под кошевите, а перфектно се читаат со Јовиќ. Мега има одличен млад тим  и ќе биде ова многу интересен натпревар.
Во сабота има два натпревари – Партизан : Олимпија и Цедевита Морнар. На првиот натпревар се очекува победа на Партизан кој полека се екипира и уигрува како целина. Второт натпревар е меѓу две екипи кои играат во европските купови и може да има замор, иако според имињата на играчите кои настапуваат за двата тима би требало да победи поквалитетниот тим на Цедевита која е еден од главните фаворити за освојување на лигата заедно со Црвена звезда.


Во недела играат Игокеа  Цибона и МЗТ Скопје : Будуќност.  
Игокеа  Цибона ќе биде крајно неизвесен натпревар до самиот крај во кој дебитира новиот тренер на Цибона- Анте Назор и ќе биде интересно да се види колку ќе може да ги обедини играчите после расправиите што беа во тимот и напуштањето на Цибона ( па враќањето) на центарот Жориќ за волку кратко време.

Натпреварот  МЗТ Скопје : Будуќност ќе биде вистински тест за рекомпонираниот тим на МЗТ Скопје во кој повторно се очекува да ја носат играта Дамјан Стојановски и Бојан Трајковски.Новодојдените Мајсторовиќ, Спасоевиќ, Павличевиќ и Мавра би требало полека да се аклиматизираат и навикнат на системот на игра на тренерот Тодоров. Јасно е дека хрватскиот репрезентативец Доминик Мавра ќе биде најсилното засилување на тимот на МЗТ Скопје, од кого се очекуваат многу кошеви бидејки е одличен бек-шутер со врвна реализација. Од центарот Мајсторовиќ и крилниот цента Спасоевиќ се очекува да бидат добра замена под кошевите за стариот Јуре Лалиќ и Бојан Трајковски, кои имаат голема минутажа а посебно Трајковски кој игра многу и многу често излегува и надвор од рекетот и шутира,бидејки има мека рака и одличен шут. Јуре Лалиќ е ветеран и неможе да игра во полна форма голема минутажа. Павличевиќ е плејмејкерот од кого се очекува да ја води играта на тимот и натпреварот со Будуќност ќе биде идеален да се види колку може овој тим на МЗТ.

Во понеделник играат Задар : Црвена Звезда , дуел кој порано беше голем натпревар со тензии и натпревар кој се играше пред преполна сала гледачи предводени од навивачката група Торнадо Задар. Сега е јасно дека тимот на Црвена звезда иако ослабен од минатата сезона е фаворит на овој дуел и би требало без многу напори да победи во Задар и да ја оправда фаворитската улога.

Автор: Кремац

Нема коментара