Кога аерозагадувањето ќе стане државен приоритет?
Секоја зима ист проблем станува ноќен кошмар за граѓаните во земјава – енормното аерозагадување во комбинација со смртоносните ПМ 10 честици, предизвикуваат здрвствени проблеми, а статистичи, во Скопје секој трет умира од загаден воздух.
И додека се проценува дека во Македонија од загадениот воздух умираат 1.350 граѓани годишно, надлежните кои треба сериозно да се зафатат со решавање на проблемот, делуваат пасивно, популистички и со рутинси апели и препораки до граѓаните како самите да се заштитат од аерозагадувањето.
Ниту локалната, ниту централнта власт посериозно не се помрднаа ни кога Скопје се качи на пиедесталот на најзагаден град во Европа.
Се посочија владини мерки против загадувањето, кои пред една недела стапија во сила, без некоја драстична разлика од досегашното третирање на проблемот, што очигледно не ги дава потребните решенија, за што е потребен поефикасен и системски пристап и без никакво одолговлекување.
Скопје како најзагаден град, според предложените мерки, треба да ја намали цената на билетот на градскиот превоз како поттик за користење на јавниот превоз или да овозможат бесплатен јавен превоз. Меѓу другото и да ги зголеми инспекциските контроли на градилиштата и на индустриите кои се во негова надлежност.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во своите предизборни ветувања, проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје го презентираше како врвен приоритет, но, за жал, иако се работи за краток временски интервал и ограничени ингеренции, општото чувство кај граѓаните е дека сепак ништо сериозно не се презема.
Сепак, од градската власт сметаат дека навремено се преземени конкретни интервентни мерки.
Беше спроведена акција за чистење на улиците на целата територија на градот, подигање на диви депонии. Воведена е забрана за сообраќајот на Водно во деновите на викендот со бесплатен автобуски превоз од две локации и можност за бесплатно паркирање на појдовните станици на новите автобуски линии. Воведена е забрана за дистрибуција на роба од 7.30 до 19 часот. Освен споменатите активности, во периодот на вегетација имаше две акции за засдување на дрва, акција која ќе се интензивира напролет и ќе се таргетираат простори каде што загадувањето е значително повисоко низ целиот град. Особено важна одлука беше заедничката акција за воведување на бесплатна линија 193 за пријхавување на огнови на отворено и досега во кол центарот имало повеќе од двеста пријави, велат од Градот.
Иако се најави намалување на цената на јавниот превоз, според воспоставениот систем на плаќање, се чини дека не е многу изводлво реализирање на оваа мерка.
Градските власти велат дека јавниот превоз ќе биде бесплатен во услови кога два последователни денапостои пречекорување на прагот на загаденост на воздухот.
Секако, малку надеж несомнено дава зголемувањето на градскиот буџет во делот за заштита на животната средина, односно за оваа намена се планирани се 141 милиони денари, односно речиси трипати повеќе од ребалансот на буџетот од 2017-та година.
Од инспекцискиот надзор на Б индустриските капацитети кои се под ингеренција на Грдаот, според досегашните извештаи, нема индиции дека го загадуваат воздухот.
Последна информација, од државните инспекциски анализи, беше дека депонијата Дрисла загадува повеќе од дозволеното, со согорување медицински отпад. Регистрирано е поголемо испуштање јаглероден моноксид, сулфур двооксид и прашина надвор од дозволените вредности.
Минатата градска власт, промовираше една мерка за намалување на аерозагадувањето, односно прскање на улиците со калциум магнезиум ацетат. Додека мината власт уверуваше дека ова средство е колошки производ, биоразградливо, не е штетено за растенијата и не предизвикува оштетување на возилата, од кабинетот на актуелниот градончалник велат дека оваа мерка сега се преиспитува.
Понатамошната употреба на магнезиум ацетатот, е во фаза на преиспитување, за ефектите од неговото користење по животната средина, во намалувањето на загадувањето, финансиските импликации, како и во однос на безбедноста на учесниците во сообраќајот. Ова се порави од причина што беше побарано од невладините организации во кампањата , а сите кандидати за градоначалници за Скопје ја потпишаа декларацијата и се обврзаа на тоа, велат од Градот.
Факт е дека решението за овој проблем кој треба да се издигне на државен приоритет, чини многу пари, па веројатно и оттаму, политичките ветувања со кои се уверуваше јавноста дека постои план за итно делување и видливи ефекти за решавање на овој проблем, се се’ подалеку, а разочарувањето кај граѓаните е се’ поголемо.
Според последните анализи на МАНУ, за намалување на загадувањето на воздухот во главниот град до 50% во наредните осум години би требало да се вложат 380 милиони евра. Овие средства треба да се употребат за проширувањето на системот на топлификација во Скопје, за енергетска ефикасност во објектите и менување на уредите за греење во домаќинствата.
Post a Comment