Биткоинот падна за 14 %


Биткоинот денеска падна за дури 14 отсто, откако јужнокорејскиот министер за финансии изјави дека и понатаму постои можност за забрана на трговија со криптовалути во таа земја.
Јужнокорејскиот министер Ким Донг-Јеон за локалната радио станица изјавил дека владата во Сеул наскоро ќе излезе со мерки за борба против “ирационалното” инвестиционо лудило поврзано со криптовалутите, пренесува агенцијата “Reuters”. 
Оваа вест ја собори вредноста на биткоинот кој на луксембуршката берза “Bitstamp” тргува по цена од 11.730 долари, што е за 13,6 отсто помалку во однос на претходниот ден.
Биткоинот од средината на декември, кога достигна рекордна вредност од 20 илјади долари, ослабна за повеќе од 40 отсто, поради што неговата пазарна капитализација е намалена за 125 милијарди долари.
Покрај биткоинот, опаднаа и вредностите на другите дигитални валути, при што етериумот опадна за 7,8 отсто на 1.190,45 долари.

Нема коментара