Стресот предизвикува проблеми со помнењето
Шведско истражување покажало дека стресот има сериозно негативно влијание врз менталното здравје, и може да предивика сериозни, хронични проблеми со помнењето.
Четиригодишното истражување опфатило над 1.00 лица на возраст од 40 до 79 години, од кои поголем број се жалелел на проблеми со меморијата.
Заклучоците на научниците укажуваат дека дури 90 проценти од пациентите немале никакви хемиски или физички промени во мозокот кои би укажале на појава на сенилност.
Но, затоа пак, 70 проценти од пациентите биле изложени на интензивен стрес, хроничен замор или депресија.
Се покажало дека стресот придонесува кон лачењето на адреналин кој го подобрува помнењето на кус рок, но доколку ваквата состојба трае долгорочно, тогаш телото лачи кортизол кој ни ја попречува можноста јасно да расудуваме и размислуваме.
Со тоа, според шведските научници, симптомите на кои се жалеле лицата кои учествувале во истражувањето, не се предизвикани од староста или сенилноста, туку потекнуваат од високото ниво на стрес. Кукурику.ком
Post a Comment