Ристова-Астеруд ѝ одговара на Арифи: Научи да се продаваш!


Каролина Ристова-Астеруд, поранешна пратеничка и советничка во Град Скопје на Социјалдемократски сојуз на Македонија, која пред два дена детално го анализираше и критикуваше донесениот Закон за употреба на јазиците, со кој албанскиот станува втор службен јазик на целата територија на државата, се најде среде вербална војна со Беса Арифи.
Арифи во нејзината колумна насловена „А штрајкот со глад кога ќе го почнат“?, објавена на сајтот на Нова ТВ, меѓу другото се осврнува и на статусот на професорката Ристова-Астеруд на „Фејсбук“, која тврди дека Законот за јазици е „рамковна и уставна тиранија на малцинството“. 
Тоа беше повод за нов пост насловен „А кога Беса Арифи ќе почне да се ‘продава’ и да препознава за тоа што е, а не за тоа што не е?“
„Ја исчитав колумната на Беса Арифи, посветена, меѓу другото, и на мојата белешка. И, за разлика од неа, што демек нè жали некои од нас (меѓу другото и мене, слободно можеше по име да ме спомнеш), јас чувствувам грозење и гадење од нејзиното лажење и манипулации“, вели Ристова-Астеруд, која оценува дека станува збор за „тешка албанска националистка! Не е ништо од тоа за што се декларира, експлицитно или имплицитно!“.
Во широката експликација во девет точки Каролина Ристова-Астеруд вели дека тоа се гледа од:
  1. Фактот што не ја адресира рамковната и уставната тиранија на ефективно нејзината етничка заедница за што надолго и нашироко аргументирав во мојата белешка. Напротив,се прави дека не разбира на што точно се однесува, а и го манипулира за други цели и во некој друг контекст на нејзиното писание. Беса Арифи, нели, од што е толку многу по меѓусебна почит и уважување, не гледа ама баш никакво проблем што ЗУЈ се донесе без минимум 50% (да не бараме премногу, 51 % или нагоре) од парламентарно-политичкото преставништво на македонската етничка заедница во Собранието (оние де, што гласаат закони по Бадинтер само во прв круг). Обратното ни на сон, така?! Ова, додуша, како дел од бесрамниот хор на сите други „борци за права“ кои, ете, не гледаат проблем во тоа, а и во своите теории и филозофии за „правата дека не се пита“ во овој и ваков факт не гледаат апла побивање на тоа што го тврдат – одземаш/поништуваш права на други (дали правно, дали политички, секундарно), и тоа, баш истите на кои си инсистирал и инсистираш, и на тој начин џарабу-џириба воведуваш уште повеќе „права„ во корист на негаторот! Па уште после продава пуфки дека тоа уствари било соживот, меѓусебна почит, уважување и што уште не. Acta non verba!
  2. Фактот што и замера на друга професорка (Најчевска) дека решила таму да цепидлачи за 20% (кои правно-релевантно можат да се утврдат само преку попис!) , небаре тоа не е уставна категорија, патем претходно договорена во Рамковен. Секако, не ја адресира и „малата ситница“ како тоа „20%„ станаа „20 % (албански)„ ? Тоа, за голема правничка како Беса не е прашање за правна анализа (а и било каква друга!).
  3. Фактот дека си бамбори за некакво си „стекнато право„ (?!) , а не она што е релевантното по правото на земјата: нејзиниот устав, уставните амандмани од 2001, како и самиот Рамковен договор (што секој добар правник треба да знае дека е многу важен за секоја, особено правна, анализа и толкување на ЗУЈ). Ако јас сега се внесам во гатање на какво „стекнато право“ мисли, ќе го дешифрирам со :„ се што не успеавме на маса во рамковни преговори, ќе го тераме еве баш вака, недемократски и неуставно„ па и со уцени, па и со логика, тактика и динамика за кои пишував во белешката подолу. Демек, и да ти е тоа целта , тоа што го содржи ЗУЈ,, не навлегувам сега во самата содржина и исправноста на тоа , немало и нема исправен начин за тоа , и правно, и политички, и од секој друг аспект, па и од аспектите за кои она „преде како маче„. Acta non verba!
  4. Од фактот што кога бамбори, со исмевање, секако, за наводното разбирање на „правата како пита„ (демек тоа јас и некои други така, ваљда „триото професорки„ од кои едната академик), нели она, додавање права за едни не значело одземање права за други), при што воопшто не го адресира прашањето: дали, каде, колку и во кои инстанци Албанците ќе си ги финансираат овие „права“? Пропорционални ли се на импутот во буџетот, со даноци , такси и други давачки? Па нели, кога тоа одговара се вергла аргументот „плаќаме и ние -вакви- такви права треба„? Со години и децении, и тоа! По истата логика, можат ли, смеат ли воопшто сега Македонците да прашаат, оние де, што не беа вклучени во гласањето, зошто и колку диспропорционално да плаќаат? Фер ли е тоа спрема нив? Каде е таа аргументација, каде е таа етничко-сензитивизирана анализа и „мејнстриминг“ на буџетот? Малку ли ќе бидат диспропорционални, многу ли ќе бидат? Кој е тој голем квалитативен „виш интерес“ што би ја оправдал диспропорцијата, а кој вака „неоргански“, недемократски, противправно и со (владини!) уцени се наметнува ( сеедно, кај која партија од т.н македонски блок)? Ја заболе ли Беса воопшто како сето тоа ќе влијае на правата на другите, на Македонците, па и на неалбанците во финансиска смисла, како финансирани права од буџет, како услуги што треба да ги добијат? А и неќе да е да влијанието да биде само вака, квантитативно, ќе има бајаги и квалитативно нарушување, индицирав примери и за тоа во Белешката, а ќе има и инстанци баш на изживување, што баш влегува во „тиранија на малцинство“. Наместо да преде и везе , да дефокусира со други работи и приказни, да лепи етикети, нека се позанимава со одговарање на овие прашања. Уште еднаш: 1.) дали, каде, кога и во кои инстанци Албанците ќе ги финансираат овие, права и „права“, а колку, во кој обем и пропорција, другите тоа ќе треба тоа да го направат т.е „спонзорираат.“? 2.) Ако треба многу диспропорционално, како тоа ќе влијае на „питата„, дали и натаму ќе тврди дека тоа нема да влијае на други права, слободи и услуги кои се финансираат од буџетот?
  5. Фактот дека глуми лудило за феноменот на „тиранија на малцинството„, ама, ете, четивото покажува дека многу и е близок и при срце „феноменот на тиранија на мнозинството„, до степен да го банализира со својата приземна, експлоатативна и манипулативна патетика. Дури ете, цел рекапитулар направила „за минатото“, кога македонското етничко мнозинство го тиранизирало малцинството (нејзиното етничко малцинство!), до хипербола нашминкано, чиниш те пренесува во Јужноафричка република од времето на борбата на Мандела, небаре се исто било, и право , и права, и уредување, и се другото. И тоа дури нема да замерам (субјективно доживување), арно ама, кога феноменот „тиранија на малцинството“ ја боде најдиректно во очи, во најформална, најрелевантна право-политичка смисла, она тоа не го гледа ниту чувствува, камоли да го признае како феномен, Ете, до толку нема самокритички капацитет, е до толку не е ич националистка!
  6. Фактот дека во тоа потсеќање на жртвите, ниту еден збор, ма зборченце, за жртвите на страната на другите, камоли жртвите на страна на Македонците? А имаше и жртви низ годините , на пример во 2001, не само воени, туку и жртви на воени злосторства и на злосторства против човештвото?! Оние де, кои , спротивно на меѓународното хумантирано право, ги „амнестиравме“ под притисок токму на албанскиот политички фактор, без збор осуда и оградување од речиси ниту еден Албанец или Албанка од некаква јавна релевантност, а не верувам дека и големата правничка Беса Арифи некогаш би ги осудила! Оти, по нејзината „книга на жртвите“ само Албанците се секогаш и сечии жртви, кога е обратно, „филозофијата“ е , извинете на изразот, „моето гомно не смрди!“ Е, до толку не е ниту националистка, ниту шовинистка, ниту фашизоидна, и што се не, да не заборавив некој израз што го има употребено….
  7. Фактот дека толку многу се внела во рекапитулација на минатото и гатање футуристичко, да малтене ја заборавила сегашноста! И тоа, онаа, пост -рамковната! Таму каде ја спомнува, секако, ја „бои ли бои„ во идилични тонови, а реалноста е сосема друга! Сосе и во Тетово! Ало, Беса! Оди види по општините каде се Албанците мнозинство како им е на другите! Еве, почни од Чаир, во сред Скопје! Како е со соодветната и правична застапеност? Како функционира Бадинтер? Како е со „двојазичничноста„ , на пример, во називи на фирми, чисто од визуелното да почнеме? Како е со веб страниците на единиците на локална самоуправа, имаат ли сите и на македонски? Дали Албанците таму и во тие средини сакаат да зборуваат на македонски кога ќе им се обратиш на македонски? Дали многумина воопшто и знаат и сакаат да научат, да го научат мнозинскиот јазик во земјата? Дали сегде и секогаш се вее и државното знаме? Чуму тоа етнички знаменца по кабинетите на државните функционери? Дали Албанците прославуваат само денови на албанско знаме и азбука, или и државните празници, на независноста и Илинден, ама онака, како празници нивни и на нивната држава, онака при срце? Што зборуваат и мислат Албанците за Македонците, какви се епитети, не си видела по ФБ, не мора баш сите да се снимени тајно, а и кога е зад грб? Неќе да е само Зијадин Села? Зошто не си искрена за тоа, кога веќе вадиш обратното? Која заедница има повеќе критична маса да се спротистави и да го критикува тоа? Албанската или македонската, пропорционално секако? Милион примери други може, и сето тоа во пост-Рамковна Македонија, каде што не може да се вади аргументот „заради ова„ или „заради тоа„ (освен ако „заради ова„ е иредентистички, тие и секогаш имаат „аргумент“). Како тоа на прославата 15 години Рамковен прво беше ставен албанскиот, тоа од почит кон мнозинскиот и поголемиот јазик во државата да не беше? Од нагласени мултилингвални афинитети ( ама под услов албанскиот да е прв, нема везе што во реалноста не е тоа)? Што кажуваа таа и таква acta non verba, каде лежат и кон што целат вистинските мислења, сентименти, ставови? А кога сме тргнале вака, може и некои блиски да си прашаш, како во парламентарни делегации во меѓународна соработка (билатерални или мултилатерални), каде и кога македонскиот јазик е единствениот службен јазик (замисли, дури ни ЗУЈ не го оспорува- засега!), не се користел „за инает“ , туку баш „за инает“ се користел англиски од страна на албански пратеници/пратенички, а богами и албански (ако заради присуство на Албанија бил обезбеден превод од албански, на пример, на Јадранската трилатерала), и тоа, уште во ‎2002-2006! Ама, тоа флагрантно бирање „што ми се допаѓа- што не ми се допаѓа„ од Рамковен и од Устав, не е битно, така те учеа, нели? Другите мора да почитуваат се што ти е во прилог од Рамковен и устав, но не и обратното, така? Што би рекле на англиски, cherrypicking -от е дозволен и препорачлив, ама само за Албанците, другите сите мора построени! Ептен (спротивно!) по сето она што го „преди„ Беса во текстот, а и зошто да не? Знае дека оние од кругот и типот на Нова ТВ ќе и аплаудираат, нема непријатните прашања по овој основ да ги покренуваат, а и за да докажат дека не се „националисти“, „албанофоби“ и „фашизодни“, што се не (што побомбастично, тоа поуверливо за својата позиција, нели, ти нацист-јас во право мрза од пристап, и тоа преку грбот на милиони банализирани животи и жртви на историјата), македонската етничка заедница со пепел ќе ја посипаат, па и за сите овие горенаведени работи. И тоа, многу реципрочно, многу пропроционално, многу по исти вредности и стандарди, да немате сомневање во тоа! (а во суштина, Албанците ги инфатилизираат, а со тоа омаловажуваат во сиот нивен агенс и капацитетност, толку се напредни и гледаат на сите „исто„). Ама, тоа не е за муабет оти за тоа важи филозофијата „каде сме мнозинство – една приказна, каде сме малцинство – друга приказна! Така, Беса? „ Дали сте ја слушнале Беса Арифи нешто, било што, од ова да го адресира, критикува, укажува како проблем? Дали го адресира албанскиот национализам, национал-шовинизам, па и ,во некои кругови, албанскиот иредентизам? Е, дотолку и се вооедначени стандардите, критериумите, и се другото што преде. Е дотолку не е националистка и се другото. И, секако, се е тоа дел од тој „пострамковен новоговор„ што го форсираат типови и типки како Беса и круговите од Нова ТВ, а по кој : 1.) Дозволено е само да го критикуваш македонското мнозинство, нема никакви посебни правила и граници, се што збори и прави, тогаш не си „македонофоб„ „антимакедонец“, „шовинист„, но ако почнеш да ги критикуваш Албанците, што тие зборуваат и прават, па по апла исти консеквентни логики и критериуми, е тогаш си „албанофоб„ , „антиалбанец“, „шовинист“ ; 2.) Аспирациите и интересите на македонското етничко мнозинство се секогаш по дифолт „националистички„ или „националшовинистички“, а на Албанците се секогаш „борба за права„ , скраја било што друго.
  8. Од фактот дека во сето навраќање на минатото и во својот футуризам, кога зборува за „смешките„ со „стравовите„ за федерализација, во случајов и со т.н јазична федерализација , па и други феномени, не е доволно доследна на науката и на професијата да укаже дека таквите работи не нужно се случуваат со некаков биг-бенг, туку може и да се процес, па баш да видиме што ќе (по)каже времето, засега не е баш во прилог на нејзиниот футуризам. Од приложеното, под 7 адресирано во еден дел, силите се повеќе центрипетални, отколку центрифугални. И тоа, пострамковно! Се другото е лалабајки, шеќерна водична, накитени фразички, ама , бре, се, се, само да се избегне адресирање на непријатното и (само)критката!. И асален муабет да не може да се направи, не пак политика и закон, без да се мафта и профитира на статусот на (умислена) жртва! Се, с, и само да се избегне барање и на повисоки стандарди на однесување во политиката, одговорност, зрелост, развивање обзирност и демократски однос и капацитет, па, зошто да не, и кон мнозинството, дотолку повеќе што истото е и малцинство во делови на земјата, а во целина е и далеку помал народ во регионот, на која ова му е единствено парче државиче за кое се изборило, и каде има вакво-такво суверенитетче. А не дека ваквата инфатилност и инфатилизација како што се форсира во дебативе е некакво добро за иднината на Албанците, да ми извините, ама меѓу најголемите народи се на Балканот, нека не глумат лудило, а и само по тој факт, не им личи да глумат вечити жртви. И, да, кога Беса прави квалификации, не го адресира и не кажува аспектот дека федерализмот не е само некакво формално-декларирано државно уредување, туку дека федерализмот, федералистичкиот принцип и логика се пошироки концепти, и истите се и те како релевантни во анализата на ЗУЈ, дали има елементи и логика на тој концепт или не во ЗУЈ, секако, во случајот, во смисла на јазично федерализирање на земјата (пишав и за тоа малку во Белешката).
  9. Од фактот дека најодвратно и најсрамно спомнува, како и најприземно манипулира , па дури и имплицира еквиваленции, со вадење аргументот „Евреи„, „Холокаусти“ и „Нинберзи“. Читам, читам, и си викам, се, се, ама ова?! – како не ти е срам и ептен незгодно?! Треба сама од себе да се згадиш за ваквата банализација и манипулација! Кога веќе зборуваш за концепти за „стекнати права„ , да те потсетам дека имаш и концепти на „стекнати петна од историјата„, онака, во сопственото ти колективно наследство, нели, од која заедница, кој со кого шурувал и сојузувал, изразувал лојалности и симпатии, со тие изведените на Нинберг! Ама, и тоа е табу и за тоа ќе глумиме и амнестија и амнезија, и историска ревизија, а скраја некаква самокритика! Имаш и петно на заедницата од 2001, пишав под 6, што не се индивидуализира одговорноста, што заедницата не се дистанцира, нормално, уште повеќе влегува во „колективна сопственост“. А ако не глумиш лудило, имаш во заедницата ти огромен проблем и со антисемитизам, и тоа растечки! И за тоа ќе се правиш слепа, ни за тоа уста ќе отвориш (како и за многу надоврзани феномени)! Уште еднаш, оди скриј се таму, не ти е срам?! Ти си меѓу последните што можат да зборуваат за национализми, фашизоидност и се по ред! Acta non verba!
Тие за кои зборуваш имаат бајаги позади себе за спротивното од тоа што ги набедуваш, а ти, Беса Арифи, немаш! Баш напротив!“.

Нема коментара