Јосиф Михајловиќ – Јурукоски-градоначалник на Скопје
На ден 11 март 1941 годинa, починал Јосиф Михајловиќ – Јурукоски, легендарниот градоначалник на Скопје, идеолог и творец на најкапиталните архитектонски објекти во градот не само во периодот меѓу двете светски војни туку и воопшто. Бил роден 1887 година во гостиварското село Тресонче, живеел само 56 години, од кои, како „татко на градот“ односно претседател на тогашното општинско Поглаварство ја извршувал функцијата седум и пол годин
Ретко кој се запрашал кој бил градоначалник на Скопје под чие раководство се изградиле најкапиталните објекти во градот? Заслугата му припаѓа токму на Јосиф Михајловиќ – Јурукоски: Градскиот водовод (од изворот Рашче кај селото Радуша), хидроцентралата „Матка“ на реката Треска, зградата на Собранието на Република Македонија, старата Железничка станица во центарот на Скопје (урната во земјотресот од 1963 година) Зеленото пазарче (до зградата на Парламентот), Офицерскиот дом (разрушен во земјотресот) и зградата на Народната Банка на Македонија на Градскиот плоштад (исто така разурната во земјотресот), Градскиот парк и Зоолошката градина. Негови дела исто така се: урбанистичкиот план на градот (претходно, за целосен увид на територијата на градот, со авион го надлетал Скопје), проширување на електричната мрежа и канализацискиот систем на целата територија на градот, зградите на машката гимназија „Кирил и Методиј“ и женската гимназија „Кралица Марија“, обнова на опожарената библиотека на Иса-бег (во која се наоѓала и книгата на најславниот лекар од античкото време Хипократ (на арапски јазик) што на латински јазик на запад се превела дури во 16 век) ..
Освен споменатите дела, за време на мандатот на Јосиф Михајловиќ - Јурукоски биле изградени уште дваесетина училишта, над 280 км градски улици, воените скривници под скопското Кале, проширена Градската болница, изградена новата Градска кланица, над 20 сообраќајни крстосници кои и денес се користат, надвозници, мостови, пристапни и излезни патишта, некоку тениски и две фудбалски игралишта, како и детското одморалиште „Горно Водно“. Не оставил само белег на Скопје... Како познат архитект во тоа време бил и дел од тимот кој ја проектирал зградата на САНУ и на Градската палата на Белград
Со сите овие дела и реализирани проекти тресончанецот Јосиф Михајловиќ - Јурукоски успеал Скопје од обична турска касаба да го претвори во модерен европски град. И ден денес некои од нив се уште стојат исправени во скопската котлина како потсетник на дела какви никој пред и по него не успеал да направи за македонската метропола
Починал на 11 март 1941 година, на само еден месец пред почетокот на Втората светска војна. Умрел на оперативна маса во Скопската клиника за време на операцијата на слепо црево како последица од ненадејни компликации за време на хирушкиот зафат
На неговиот погреб 15 илјади скопјани излегле да му оддадат почит, а церемонијата траела околу 5 часа, при што проштални говори одржале околу 20 лица. Во хрониките е запишано дека погребната поворка ја следеле и голем број граѓани облечени во народни носии како симбол и потсетување на неговото мијачко потекло.
Post a Comment