50 Cent призна дека никогаш не поседувал биткоини
50 Cent ја прочитал приказната која TMZ ја
напиша за него, во која се вели дека тој заработил 8 милиони долари преку
биткоини со продажбата на неговиот албум „Animal Ambition“ во 2014 година, и
решил да ја потврди информацијата, иако и самиот знаел дека се работи за лага.
Не само што раперот реши да оди
со приказната како вистинита, туку тој смета дека споменувањето на неговото име
во медиумите, од било која причина, било добро за неговиот бренд, па затоа
оставил работите да си течат непрекинато.
„Сѐ додека некоја приказна во
медиумите не го оштетува моето име или бренд, не гледам причина јавно да ги
негирам информациите. Оваа приказна му годеше на мојот бренд, направи луѓето да
зборуваат за мене како победник, па затоа ги оставив да живеат со приказната“,
рече 50 Cent.
И навистина, приказната направи
50 Cent да изгледа како најпаметниот човек во светот на неколку дена, бидејќи
во неа се тврдеше дека тој ги оставил биткоините кои ги заработил со продажба
на албумот „Animal Ambition“ на посебна сметка, која повторно ја отворил 4
години подоцна, за да забележи дека со порастот на цената на оваа криптовалута
тој заработил 8 милиони долари.
Post a Comment