Вредноста на Биткоинот продолжува да паѓа
Вредноста на Биткоинот продолжи да паѓа во текот на викендот, по падот под 10 000 долари. Етереумот вреди 843 долари, додека Рипл и понатаму е под еден долар.
Вредноста на биткоинот паѓа 110 долари по ден, сега вреди 9 452 долари и има тенденција на понатамошен пад.
Биткоинот ја врати вредноста над 9000 долари, а овие вести доаѓаат во момент кога централо-азиската земја Узбекистан соопшти дека го прифаќа биткоинот и крипто-валутите.
Трошоците на копање во Узбекистан се меѓу најниските во светот, бидејќи оваа земја е водечки произведувач на електрична енергија.
Неодамнешните студии покажаа дека се очекува оваа азиска земја да стане еден од водечките играчи во крипто светот, како трета најдобра за копање криптовалути кога се работи за трошоци.
Ископувањето и ковањето на еден поединечен Биткоин чини 1790 долари, а Узбекистан е еден од најголемите произведувачи на електрична енергија на светот.
Претходно инвеститорите итно се советувани да го избегуваат „играњето со ајкули“ тргувајќи со крипто-валути , бидејќи на овој пазар, како што наведуваат, нема сигурност бидејќи не е регулиран.
„Биткоинот моментално е коцкање. На гледам како може да подобри било чиј живот“, рекол Метју Лешко, додавајќи дека доколку не сте експерти, ова се „пеколни времиња“ да се вклучите во тргување со крипто-валути бидејќи тоа е „играње со ајкули“.
Post a Comment