Нов логистичко- дистрибутивен центар на Тинекс

Започна со работа новиот логистичко - дистрибутивен центар на Тинекс. По тој повод беше конференција за логистика „Логистика - новиот пат на успехот“.
На конференцијата присуствуваа амбасадори, претставници на банкарскиот сектор и деловни партнери на компанијата, од земјата и регионот.

Со овој капитален објект, Тинекс е првиот ланец на супермаркети во Македонија кој располага со современ логистички дистрибутивен центар.



Центарот се наоѓа во во индустриската зона Чојлија, во општина Петровец и е инвестиција вредна осум милиони евра. Засега е завршена првата фаза од проектот на 12.000 м2, магацински простор и галерија во втората фаза од проектот е планирано да се изградат уште 10.000 м2 со што се очекува да бидат вложени уште пест милиони евра.

На конференцијата обраќање имаше Цветанка Христовска, бренд директор на Тинкес.

„Новиот логистички центар претставува симбол на нашите аспирации за модернизација на логистичките процеси. Нашаста компанија постои веќе 23 години и сите овие години е фокусирана кон континуирано унапредување на своето работење со цел одржување и зајакнување на односите со своите потрошувачи и деловни партнери. да се задржи лидерската позиција сите овие години за нас претставува предизивик, но и мотивација“ , рече Христовска.

Нема коментара