Уставниот суд укина одредба од Законот за животната средина


Уставниот суд го укина членот 169 ставот 4 во делот: „за утврдување и наплата на јавните приходи“ од Законот за животната средина.
Во членот 169 ставот 4 од Законот за животната средина се предвидува дека: „Во поглед на наплатата на пристигнатите неплатени износи на надоместоците, присилната наплата на надоместоците и трошоците за присилна наплата, каматата и роковите на застареност и враќањето на погрешно пресметаниот надоместок, соодветно се применуваат одредбите од Законот за утврдување и наплата на јавните приходи, освен доколку поинаку не е определено со овој закон.“

Од Уставниот суд посочуваат дека Законот за утврдување и наплата на јавните приходи престанал да се применува со денот на примената на Законот за даночната постапка – 1 април 2006 година, што значи дека оспорениот член 169 ставот 4 од Законот за животната средина упатува на пропис кој воопшто не постои во правниот поредок, што според Судот, не е во согласност со членот 8 ставот 1 алинејата 3 од Уставот на Република Македонија, односно со принципот на владеењето на правото.
М.В - akademik.mk

Нема коментара