Ако не се збогатите за 10 години, самите сте си виновни, тврди тинејџер
Ерик Финмен има 19 години и своите милиони ги заработил на крипто-валути откако баба му му дала 1245 долари за да инвестира во неа.
Во моментов има околу 1,5 милиони долари во биткони, но и прилично остри зборови за сите нас.
„Ако не станете милионери во наредните 10 години, самите сте си виновни“.
Финмен го додал овој коментар во едно свое интервју. На прашањето дали е можно други да го копираат неговиот необичен успех, Финмен одговорил гласно:
„Ако се паметни со инвестирањето во крипто-валути во наредните 10 години, многу луѓе би можеле подобро да го изградат своето богатство отколку до сега. Ова поле и понатаму е мало и вреди преку половина трилион долари. Не сакам луѓето да ме сфатат погрешно, ова е голема сума пари, но доколку ја споредиме со другите класи на имот, релативно е мала.
Затоа велам, ако не станете милионер во наредните 10 години, самите сте си виновни. Во ова поле постојано се појавуваат нови деловни модели и иновации, а со самото тое и можности за нови инвестиции. Ова е целосно нов вид златна грозница, или Силициумска долина. Постојат навистина многу можности за луѓето да се збогатат“, вели Финмен.

Post a Comment