Избодено момче на Рекорд


17-годишно момче на пладне било избодено во центарот на Скопје, соопшти МВР.
Момчето било нападнато од две лица и е прободено со остар предмет во стомакот. Напаѓачите најверојатно користеле нож.
Нападот се случил околу 12.40 часот на прометната автобуска постојка на Рекорд во центарот на Скопје. Минувачите повикале итна помош, а повредениот тинејџер е префрлен во Градската општа болница Свети Наум Охридски.
Полицијата го истражува случајот, нема информации дали се приведени насилниците.



Нема коментара