Министрите се договорија: Нема контра мерки од Србија


Министерот за земјоделство на Македонија, Љупчо Николовски и спрскиот министер за трговија Расим Љајиќ постигнаа договор за увоз на српско брашно во земјава. Тие потпишаа договор за формирање  мешовит комитет за надминување на отворените прашања. Инаку за брашното паковано од 1, 2 и 5 килограми контролните маркички ќе се лепат  во Србија, на паковањата од 25 и 50 килограми тоа ќе се прави во Македонија.
Според српскиот министер, во земјава има политичка подготвеност за остранување на сите царински бариери со цел трговската размена да се зголеми од сегашните 760 милиони, на милијарда евра. Договорено е и македонскиот Правилник за увоз на брашно, согласно договореното, ќе биде сменет уште денеска.
Србија беше подготвува да воведе реципрочни мерки против Македонија со образложение дека голема количина на брашно во Македонија е шверцувана со лажни маркици а се води како  увезена стока од Србија.
„Комитетот ќе расправа и за оправданоста на вакви маркици кои биле воведени по барање на стопанските комори и сега во согласност на двете коморина стопанствениците на двете земји доколку постои барање, интерес ние немаме проблем и да пристапиме и до укинување насамите маркици“, вели Николовски.
„Ние не можеме да бидеме конкурентни, нашите економии нашите стопанства ,доколку овие бариири не ги надминеме, доколку не ги намалиме трошоците, превозот , транспортот и трговијата во боло кој правец. Србија и Македонија денеска покажаа подготвеност да одат во правец на создавање економски простор во духот на Берлинскиот процес, очекуваме помош и од Европската Унија“, истакна Љајиќ.


Нема коментара