АВИОН СЕ ЗАГЛАВИЛ ВО СНЕГ НА ПИСТАТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ
Скопскиот аеродом вечерва е затворен за сообраќај откако авион на компанијата „Германија“ што вечерва требало да полета од Скопскиот аеродром кон Цирих се заглавил во снежен нанос наравен од чистење на патеките додека таксирал кон пистата, дознава неофицијално САКАМДАКАЖАМ.МК од извори на аеродромот. Нема повредени патници.
Станува збор за авион од типот „ербас А321“ кој во 20.25 требало да полета за Цирих, но поради снежните врнежи полетувањето било одложено за околу 23 часот. Во него имало околу 200 патници.
Пред тоа друг авион за Цирих, но на компанијата Еделвајс воопшто не ни пробал да полета.
Аеродромските служби се обидуваат да го ослободат авионот што е на јужниот дел од пистата и да го оспособат аеродромот за нормален сообраќај.
Од воздухопловните власти нема официјална потврда на настанот.
Post a Comment