Каракамишева до „платените вувузели“: Ниту едни пари нема да ме натераат да се откажам од тужбата против владата на Северџанија – И ЌЕ УСПЕАМ!
Платени вувузели, колку илјадници денари требале да платат луѓе што им била отфрлена тужбата “од проф.Каракамишева” на Суд? Да чујам колку?
Еве мојот трошок е 1200 ден судска такса и 800 ден судско решение. Од толку лажење ви се исушил мозокот. Срам да ви е!
Оние што не можат да ја сфатат тежината на проектот тужба против владата на Северџанија за ЗАШТИТА НА НАШИТЕ ЛИЧНИ ПРАВА нека се повлечат веднаш.
Овој проект ЌЕ БИДЕ ЗАПИШАН во историјата на Македонија. Ниту едни пари нема да ме натераат да се откажам од него! И ЌЕ УСПЕАМ!
Фејсбук објава на професорката Тања Каракамишева
Пред два дена Каракамишева исто така објави Фејсбук статус дека уште една од десетте тужби и е одбиена бидејќи судот се прогласил за „апсолутно ненадлежен“:
Пристигна уште едно решение по повод тужбата (од поднесените 10) со кое Основниот суд Скопје 2 се огласи за НЕНАДЛЕЖЕН!
За разлика од вчерашното решение кое беше адресирано до мене каде е констатирано дека Судот е АПСОЛУТНО НЕНАДЛЕЖЕН??? прв пат слушам и читам за ваква правна формулација (дали постои и РЕЛАТИВНО НЕНАДЛЕЖЕН СУД?), со новото решение од Судот замислете СЕ УКИНУВААТ сите спроведени дејствија??
Кои спроведени дејствија судијке Ѓошевска кога не преземавте ништо освен што напишавте решение со кое ја отфрливте тужбата?
СРАМ!
Post a Comment