ИМА СЕУШТЕ ЧЕСНИ ЛУЃЕ СО ГОЛЕМИ СРЦА


Старата бабичка Јана Петровска загубила 500 денари кога отишла да си купува леб. Бидејќи живеела само од социјална помош, која изнесува 2000 денари, одлучила да ги замоли соседите да и помогнат да ги најде парите.

Раскажувајќи ни еден од соседите приказната ја започна вака: - Се враќав од работа и го видов ова ливче залепено на влезот од зградата. Решив да направам добро дело и да и помогнам на госпоѓата со 500 денари, иако јас не сум јас наоѓачот. Заѕвонив на вратата, ми отвори стара бабичка, а кога и ги подадов парите одби да ги земе. Со солзи во очите ми раскажа дека излегла да си купи леб и на касата парите и ги немало. 

Таа продолжила, ти си шестиот пронаоѓач, не е можно, самата се чудам, има сеуште луѓе со големи срца. Всушност од тие шестмина ниеден не бил пронаоѓач, парите не се нашле, најверојатно бабичката ги изгубила по пат до продавницата, а шестмината од зградата се појавиле како дарители, за да не биде растажена нивната комшивка.

Во секој случај ниеден од нив не знаел за приказната на старата бабичка колку луѓе и понудиле пари во последните неколку часа. Дури на крајот, јас како шести добронамерен дарител кога заѕвонив на нејзината врата, ми ја кажа вистината што и се случило и беше изненадена многу, па ми рече: - Синко, се чудам, има сеуште луѓе со големи срца, фала му на Бога за сѐ.

Горд сум што во Македонија сеуште има чесни и добронамерни луѓе, со големи срца.

Нема коментара