Најден противотров за најсмртоносниот отров на светот
Научниците од Сиднејскиот универзитет се обидуваа да сфатат на кој начин делува отровот на австралиската морска оса (Chironex fleckeri).
Само еден убод на морската оса предизвикува ужасна болка и некроза на кожата, а ако дозата е доволно голема предизвикува срцев удар и смрт.
Тимот научници откри дека на овој отров му е потребен холестерол за да може да ги убива човечките клетки. Затоа решија да ги тестираат постоечките лекови за холестерол и да видат дали ќе го блокираат дејството на отровот.
Се покажа дека еден од овие лекови успева во тоа.
Тестирањата спроведени на глувци во лабораториски услови и на човечки клетки покажаа дека лекот спречува некроза на кожата ако се употреби во првите 15 минути по убодот.
„Уште не знаеме дали на истиот начин може да се спречат и проблемите со работата на срцето. Треба да продолжиме да истражуваме и да бараме средства за подоцнежно реагирање на отровот“, изјави еден од научниците.
Морската оса може да достигне должина до три метри. Многу е опасна бидејќи може и да плива, а не само да плови носена од струјата.
Научниците се надеваат дека ќе може да се направи некаков крем или спреј со кој ќе може да се неутрализира отровот од убодот на морската оса од кој, според достапните податоци, секоја година умираат десетици луѓе, а илјадници завршуваат во болница.
Post a Comment