Во Националниот Парк Галичица започна изградбата на репродуктивниот центар за елени.



Во Националниот Парк Галичица започна изградбата на репродуктивниот центар за елени.

Центарот со големина од околу сто хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци), а ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилки, поилки, солишта , набљудувачници и чеки.

Проектот, вреден 340.000 евра, е дел од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја", вредна 4,3 милиони евра, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Националниот парк Галичица, во рамки на проектот спроведува и активности за подобрување на управувањето со планинските тревести екосистеми со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сукцесија.

1 коментар: