Поранешен офицер на КФОР: Ејупи беше ослободен бидејќи работел за ЦИА




Поранешниот службеник за односи со јавност на КФОР, Норвежанецот Кристијан Каш изјави дека Флорим Ејупи, на кого му се суди за нападот во 2001 година на автобус во Ниш Експрес, кога 12 Срби беа убиени и повредени, беше ослободен затоа што работел за ЦИА.


Каш за весникот „Политика“ изјави дека е „невозможно“ да се избега од Бондстил, каде Ејупи бил затворен, туку дека бил ослободен.

„Главниот иследник Џо Мекалистер беше многу лут на КФОР затоа што ја изасвалтирале дупката  од експлозијата на патот.  Оправданието им било дека сообраќајот морал да се нормализира. Мекалистер сакал да го уапси Ејупи, но тој всушност работел за ЦИА “, рекол Каш, додавајќи дека тоа што говори го докажал Меклалистер .

Според него, кога мисијата настапила во Косово и Метохија требало „да се воведе полициски час, воен закон“.

„Наместо тоа, сакавме да бидеме херои, ослободители. Ние дозволивме терористичката ОВК да стане косовска полиција “, рече Каш, осврнувајќи се на најголемите грешки на меѓународната мисија.

Кристијан Каш поранешен офицер на КФОР



Тој рече дека „негова цел е да се бори за Норвешка да го повлече признавањето на таканареченото Косово“.

„Разговарав со многу луѓе пред тоа, и како член на партијата  Демократија, пред две години, се обидов да влезам во парламентот. Ако тоа се случеше, јас ќе предложев на владата да го повлече признанието “, рече Каш.

Весникот пишува дека Каш дошол на Косово на крајот на 2000 година, дека тој имал чин - мајор и поминал седум месеци таму, живеејќи денес на релација Србија - Норвешка.

Тој испрати официјална молба до патријархот Иринеј како христијанин со лутеранска вероисповед да биде примена под покровителство на Српската православна црква.

Нема коментара