Едноставна дневна навика може да спречи појава на Алцхајмерова болест во староста
Два и пол часа вежбање неделно може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест и да ги намали неговите ефекти.
Научници набљудувале луѓе чии родители имале Алцхајмерова болест и кои спаѓале во ризична група.Тие откриле дека оние кои вежбале половина час на ден пет дена во неделата значително ги намалиле биомаркерите за болеста на постара возраст. Кај физички активните лица има помала веројатност да се развие болест која влијае на когнитивните функции.
Повеќе од 1.500 возрасни кои имале родители со оваа болест учествувале во студијата. На секои две до четири години тие се јавувале на преглед и пополнувале списоци со нивните животни навики.
Промените биле видливи кај постари лица и кај помлади од 60 години, пишува Дејли меил. Сепак, ситуацијата била различна кај оние кои вежбале половина час , пет пати неделно. Притоа истражувачите покажале дека навиките на секојдневниот живот, во овој случај редовна физичка активност, можат да влијаат на модификација на факторите на ризик од Алцхајмерова болест.
Друга студија потврди дека ефектот на болеста е многу послаб кај лица кои биле интензивно физички активни и ги набљудувале возраста, полот, индексот на телесна маса, отчукувањата на срцето и физичката активност. Алцхајмер прогресивно напредува со возраста но не и кај оние кои редовно вежбаат иле се занимаваат со фитнес.
Не посакувана можност при стареење е ризикот од Алцхајмерова болест , но состојбата може да се подобри со физичка активност. Ако имате предиспозиција да се разболите од оваа болест, започнете навреме да размислувате за да се активирате физички и да направите прекрасна работа за вашето здравје.
Post a Comment