ЈЗУ Специјализирана болница – Отешево одбележува 39 години успешна и професионална работа




Вработените во ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања – Отешево, денес ја одбелeжаа 39-годишнината од основањето на установата.

Специјализираната болница во Отешево претставува единс­тве­ната здрав­стве­на уста­но­ва во државата за ре­ха­би­ли­та­ција на рес­пи­ра­то­рен систем систем, располагајќи со 72 легла и овозможувајќи им на пациентите фи­зи­ка­лен трет­ман, ки­не­зи­те­ра­пи­ја, веж­би за ди­ше­ње, дре­на­жи, кон­ди­ци­ски веж­би, ин­ха­ла­ции и дру­ги ме­то­ди според највисоките стандарди кои им ја по­до­бру­ва­ат нивната здравствена состојба.


Прим. Д-р Спец. Субспец. Галапче Саљамовска
По повод 39-годишниот јубилеј, директорот на болницата Прим. Д-р Спец. Субспец. Галапче Саљамовска ја изразува надежта дека здравствената установа ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања – Отешево и понатаму професионално и одговорно ќе ги извршува обврските спрема пациентите кои имаат потреба од ваков вид на лекување.
Во оваа прилика, д-р Саљамовска не испушти да им се заблагодари на сите оние кои во изминатиот период, посебно во минатата година, на овој или оној начин го помогнаа работењето на болницата. Посебна благодарност и почит изрази кон донаторите: Лукада трансБошко РемисМакедонската Православна ЦркваРес-Ком – РесенЗдружение МилосрдиеПавлина Проевска и Македонскиот совет за уметности од ЊујоркЗариф Ибраимовски и сите други кои што помогнаа во непреченото тековно работење на институцијата која е единствена во Македонија за Пулмонална рехабилитација и има потреба од дополнителни донации за подобрување на условите за престој и работа.
Одбележувајќи го роденденот на установата, работно и скромно, беа доделени и благодарници за повеќегодишно успешно работење на поединци во колективот.
Во изминатите блиску четири децении, услугите на специјализираната болница во Отешево ги искористиле голем број на луѓе од целата земја, што ја потврдува потребата за нејзино постоење и осовременување.


Несомнено дека локацијата на специјализираната болница во Отешево на западниот брег на Преспанското Езеро не е случајност, туку е внимателен избор на сред­на над­мор­ска ви­со­чи­на, бла­го­при­јат­на кли­ма, без го­ле­ми ва­ри­ја­ции во тем­пе­ра­ту­ра­та и без ни­ка­кви ае­ро­за­га­ду­ва­чи во близина. Тоа е место на кое ве­тро­вите од Ја­дран­ското, Јон­ското, Сре­до­зем­ното Мо­ре и од кон­ти­нен­та­лениот дел се судираат и токму овој судир на ветрови резултира со специфична клима која делува благопријатно врз дишните патишта и помага во лекувањето и рехабилитацијата од белодробните заболувања и алергии.



prespainfo.com

Нема коментара