Локализиран пожарот во Светиниколскиот регион

Локализиран е големиот пожар во атарите на селата Павлешинци и Габреш во Светиниколскиот регион. Командирот на ТППЕ-Свети Николе, Кирил Колев за МИА вели дека огнените јазици пеплосаа 120 хектари дабова шума, сува трева и ниско стеблести растенија.
-Пожарот траеше четири дена, изминатите три дена го гаснеа и ер тракторите. Во моментов на терен сме 10 пожарникари од Свети Николе и од Куманово, со цел да го контролираме пожарот, што на одредени места се уште има чад, вели Колев.
Пожарникарите пожарот го гаснат со рачни пумпи и метли, бидејќи теренот е непристапен. 

Нема коментара