Ложа



Постојат повеќе видови на ложа.Масонска ,Царска ложа.Ложа во опера,премиерска , мешетарска .Разноразни удобни столици на кои седат багабонти,ложа се нарекуваат.Постои една друга за која малку луѓе знаат,веќе заборавена,и колку мене ми е познато исчезната.Овој вид на ложа не е столица туку ложени-редени букови трупци за правење ќумур,Се зарамнува теренот, се вкопува малу во земјата, во круг Нема правило колку ќе биде широка ложата.Оставено е на ложачот да предвиди колку дрва предходно има донесено,во просек во една ложа се сложуваат по 25 до 35 метри кубни .Имам видено ложа и колку јас умејам да проценам ,не беше обрачот поголем од 3-м.Постапката е следнава.Првите цепанки се усправуваат,полузакривени и една со друга со врвовите допрени,Така се прави ложиште или простор да покасно се пали ложата..Првин од страна на обрачот се забиваат појаки колци кои служат за потпора на крајните дрва. Марифет е да не речам занает правеќето ќумур.Од едноставна причина да наредиш 30 метри трупци во височина а да биде стабилно е уметност. Ложата ќумурна треба да биде близу ливада, бидејки сета се обложува со бусење од трева , сал на врвот се остава отвор колку педа широк оџак. Толку голем кој овозможува тлеење но не и горење на дрвата внатре.Кога ќе се запали ложата. одстраните се продупчува со колец седум осум мали отвори да прима нешто воздух. Се затвара со камења исто со бусеви трева вратата ложиштето.Постапката на тлеење трае 20 до 25 дена. Ретко кога но знаела и да се угуши ложата, па така на два дена се надгледува дали чади од горе.Ќумурот за време турско масовно се произведувал бидејки турците се затоплувале со мангали, во кои како сировина клавале ќумур.Но и скарата на ќумур печена е со посебен вкус.Ќе се најде ли мајстор ложач . кој ќе најде начин горе споменатите посебно масонската ложа да ја стокми затвори со бусени запали и јаглениса.


Нема коментара