Денеска започнува десеттото издание на „Пиволенд 07.08.2017

Денеска започнува десеттото издание на „Пиволенд“

fudbal-muzika-i-pivo-na-pivolend-2017-283339
Од денеска до сабота  (7-12 август) на Скопското Кале по десетти пат ќе се одржува традиционалната манифестација – гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2017“. Посетителите и годинава ќе имаат можност да уживаат во добра музика, студено пиво и гурмански деликатеси. Фестивалот е под покровителство на Град Скопје, кој за јубилејното издание од буџетот издвои 600.000 денари.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на прес-конференција соопшти дека годинава „Пиволенд“ ќе биде вовед во нова манифестација во главниот град – „Супер Скопје“. Град Скопје е во преговори со повеќе музички изведувачи и дополнително ќе информира за нивните имиња и за датумите на настапите.
– На годинашниов „Пиволенд“ ќе има богата музичка програма. Ќе настапат Ван Гог, Неверне бебе, Сарс, Негатив, како и македонскиот рап-состав САФ. За љубителите на фудбалот, на 7-ми и на 8 август, со оглед на тоа што во исто време се одржува Суперкупот, подготвени се повеќе содржини во кои ќе може да уживаат во навивачка атмосфера, изјави Трајановски.
Дојди види испиј.

fudbal-muzika-i-pivo-na-pivolend-2017-283340

Нема коментара