Убиен Македонец во Мелбурн, Австралија
Триесет и едногодишниот битолчанец Дени Димовски бил избоден и убиен во тепачка што се случила во ресторанот „Корзо грил хаус“ во Мелбурн, Австралија. Убиството се случило во раните утрински часови кога група непоканети гости околу 2 часот по полноќ се обиделе да влезат на приватна забава во ресторанот, откако сопственикот се обидел да им ја затвори вратата.
Австралиската полиција соопшти дека, откако го избоделе неколкупати со нож, групата побегнала од местото на настанот. Засега нема информации дали припадниците на групата дошле вооружени, но се верува дека убиецот зел нож од ресторанот.
Вработени во ресторанот изјавиле дека убиениот бил почитуван, лојален гостин, кој им станал речиси како семејство.
Веста за убиството на Дени Димовски ја потресе Битола, особено жителите на битолското село Логоварди, од каде што е тој по потекло, а кое се наоѓа само на неколку километри од Битола.
Дени Димовски во Австралија заминал пред две години. Тие што го познаваат во Битола велат дека бил мирен и повлечен и никогаш не бил проблематичен.
М.М. (Нова Македонија)
Post a Comment