Лице со „експлозив“ и се закануваше на полицијата
Инцидент пред суд, лице со „експлозив“ и се закануваше на полицијата
Инцидент пред суд, лице со „експлозив“ и се закануваше на полицијата
Неколку полицајци интервенираа откако непознато лице се приближи до нив при што им се обрати.
Човекот се доближи и му кажа нешто на еден од полицајците по што останатите припадници на МВР му го одзедоа ранецот и го однесоа во полициска станица.
Неофицијално од МВР за А1он велат дека се работи за лицето Ибруш Ибраими кој околу половината бил нареден со некаков вид на експлозив со што и се заканувал на полицијата. Педесет и седумгодишниот Ибраими е приведен од страна на припадниците на МВР. Надлежното министерство наскоро ќе излезе со официјални информации од овој случај.
Во Кривичниот суд Скопје 1 Скопје денеска се соопштува пресудата за 37-темина обвинети во случајот „Диво Насеље“ каде загинаа осуммина припадници на македонската полиција и десет лица од вооружената група. На обвинетите им се суди за тероризам и терористичка организација.
Виктор Јованов
Post a Comment