Фејсбук успешно експериментираше во Србија


Експериментот на Facebook во Србија е успешен – News Feed ќе биде поинаков во целиот свет


Тоа значи дека експериментот кој веќе неколку месеци се спроведува во Србија и во уште пет други земји ќе се примено на целиот свет. Односно, како што изјави и самиот Цукерберг, содржините кои ги креираат компании, брендови и медиуми полека ќе се отстранат од News Feed во целиот свет.
Како што вели Цукерберг, истражувањата покажале дека социјалната мрежа ја користиме за да се поврземе со други луѓе, па така неговата цел е на Facebook да овозможи социјална интеракција со смисла. Bizlife пренесува дека Цукерберг е свесен дека на овој начин ќе се скрати времето поминато на Facebook, но вели дека тоа време ќе биде повредно.

Да потсетиме, покрај Србија, во Словачка, Боливија, Гватемала, Камбоџа и во Шри Ланка сите постови на страниците се отстранети од News Feed на Explore Feed, така што во главниот feed има само постови од пријатели. Само во првите неколку дена од тестирањето на опцијата пристапот до страницата се намали за две третини.
Истражувањето спроведено во Словачка покажува дека 60 најголеми страници на словачки медиуми забележале четири пати помала интеракција од почетокот на тестирањето. За сопствениците на страници решението е инвестирање повеќе пари за промоција, но ни тогаш нема да имаат толкав досег како пред промената.

Нема коментара