На новиот автопат загина работник-дали почнаа да не се почитуваат стандардите?

Работна машина Грејдер прегази работник при изведување градежни работи на новиот автопат во близина на штипското село Криви Дол. Грејдер прегази работник при изведување градежни работи на  новиот автопат  во близина на штипското село Криви Дол. До трагедијата дошло околу пладне, кога од засега непознати причини, при извршување на работните обврски 58 годишниот Т.Ф. од кривопаланечкото село Ранковце бил прегазен од  градежна машина која враќала во рикверц.                         За жал лекарите од светиниколската брза помош констатирале смрт.                                  
 Увид на местото на несреќата изврши екипа од штипската полиција.
За само неколку месеци ова е втора несреќа на автопатот во изградба. Претходно на оваа траса се преврте шлепер полн со песок. За среќа тогаш немаше повредени. 

Aлександра Ристевска

Нема коментара