КОЦКАЊЕТО ВО СВЕТОТ Е ВИД ЗАБАВА, А КАЈ НАС И ЗА МЛАДИТЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЧИН НА ЖИВОТ

Освоен ли е градот од коцкањето?


Кога имате обложувалница или казино пред очите на учениците им се праќа порака дека тоа е дозволено, дека е прифатливо во општеството. Во школите треба да им се зборува на учениците, да им се објаснува дека коцкањето прави зависност која е опасна за иднината. Затоа треба коцкарниците да бидат поодалечени, да се сконцентрирани на едно место, а не насекаде по градот, потенцира психологот Мирјана Јовановска.

Важно и да се спроведува законот и да не се дозволува малолетници да се коцкаат или обложуваат. При тоа добро треба да внимаваат и самите родители и поблиски роднини, бидејќи не е мал бројот на случаи каде возрасните им уплаќаат тиќети на малолетните зависници од обложувањето.

 За 100 денари се добива можност 40 пати да се одигра на апаратот, односно, по цена од 2,5 денари за едно играње. Ако се наредат пет исти сликички тогаш добивката може да изнесува и 2.500 денари. Кога ќе се наредат три исти сликички ќарот е нешто помал. За голема добивка во спортските обложувалници некогаш се доволни и само 50 денари. Во казината за играње на електричен рулет се почнува од 10 денари... Вакви „симболични“ цени се влезна тарифа со која последниве години Скопје стана град на казина и обложувалници во кои доаѓаат како постари така и се помлади граѓани. Локали за таа намена има речиси на секој чекор во градот, на најпрометните улици, по населбите. Во нив се повеќе граѓани кои често ги трошат и последните пари со надеж дека ќе донесат подобро утре за своите семејства...


  • Се коцкаат и по станови


Во градот се уште опстојува и традиционалното играње карти во кое се губат многу пари. Најчесто се игра покер во изнајмени станови при што право да се игра во партијата со седум до десет играчи се добива со покажување на 100 евра. Подоцна, влоговите се креват и до астрономски суми. Познати се повеќе случаи во кои некогаш многу богати скопски бизнисмени загубиле многу пари и успешни фирми.

Албанија ги затвори обложувалниците

Годинава во Албанија се донесе закон со кој се затворени 4.300 обложувалници во таа земја. Коцката е дозволена само во елитни хотели со пет ѕвездички и тоа само ако се наоѓаат надвор од урбани подрачја. Коцкањето во Албанија беше голем проблем бидејќи во оваа земја со 2,8 милиони жители имало по една кладилница на 670 жители.

Индустрија која сериозно го полни државниот буџет

Од игри на среќа во републичкиот и во општинските буџети лани се слеале 253 милиони евра. Оваа економска гранка учествува со 4 проценти во БДП, таа има 7.700 вработени, а поддржува скоро 54.000 работни места во други гранки. Заедно со семејствата, околу 216.000 луѓе во земјава живеат од оваа стопанска гранка, ова го изнесе пред извесно време асоцијацијата на обложувалници.



Целиот текст може да го прочитате во бесплатниот неделник СКОПСКО ЕХО.

Нема коментара