На место викано Бунарот, беа пронајдени две мртви птици од видот на Царски орел (Aquila heliaca).





На ден 24 Фебруари утринта околу 8 часот во атарот на село Црвени Брегови на место викано Бунарот, беа пронајдени две мртви птици од видот на Царски орел (Aquila heliaca).  Царскиот орел е редок вид птица строго заштитен со законот за природа и законот за ловство во нашата држава и е дел од црвената листа на видови во изумирање на Европа.

На една од мртвите птици од страна на ММЕ –Унгарскиот Birdlife Internacional, беше прицврстен сателитски предавател со помош на кој во последниве 5 години беше следено нејзиното движење и животните навики. Тоа им помагаше на научниците подобро да ги проучат карактеристиките на видот. Заради тоа загубата на оваа птица е уште посериозна. На тој начин беа и пронајдени телата на мртвите птици, следејки го сигналот од предавателот.
Според знаците видливи на телата на мртвите птици (згрчени канџи и исцедок од носната шуплина) се претпоставува дека причина за смртта на птиците е отровна мамка. На оддалеченост од околу педесетина метри од позицијата на која се наоѓаа мртвите птици исто така е пронајдено мртво тело на Шакал (Canis aureus) што уште повеке ја потврдува претпоставката дека животните се жртви на илегална употреба на отровни мамки како дел од борбата на лугето со предаторите. И Шакалот исто така е трајно заштитен вид со законот за ловство.

Заради насилната смрт на овие заштитени видови на животни, беа повикани и на терен излегоа полициски инспектори од МВР Неготино и регионален ветеринарен инспектор од Кавадарци кои направија увид на лице место а телата на птиците и Шакалот се испратени на анализа во институтот за ветерина во Скопје.
За жал илегалната и неконтролирана употреба на отрови заради секакви причини е широко распространета и прави огромни штети во природата. Употребата на отрови е насочена кон Волците Лисиците и Кучињата скитници но за жал најчесто жртви се многу други корисни, ретки и загрозени видови на животни. Како резултат на труење во последниве десетина години популацијата на птиците мршојадци е доведена на критична точка пред исчезнување од нашата територија и покрај огромните напори на поединци ентузијасти за нивно зачувување. Многу тешко се доаѓа до информација за случаи на труење така да голем дел од нив се провлекуваат незабележани или пак се дознава предоцна.
Се надевам дека сторителите на ова труење со кое изгубивме драгоцена двојка на Царски орли ке бидат пронајдени и соодветно казнети.




Today I found the dead body of Imperial eagle Filip. Even more tragic is that within ten meters of him was the dead body of his female partner. Fifty meters from them I also found a dead Jackal (Canis aureus). It's probably a case of poisoning.
Philip was the last of the 5 tagged Imperial eagles from Macedonia, which unfortunately failed to reproduce even though he had already formed his own couple.
Birds and jackals tomorrow will be taken for toxicological analysis.
Емануел Лисичанец

Нема коментара