Одгледување на ф'стаци во Македонија


Проф. д-р Борис Ристевски е пензионер, но тоа не го спречува во понатамошното давање на свој придонес во овоштарството. Како и пред многу години, така и денес е често во с. Трубарево, во експерименталното поле за овоштарство, каде што продолжува со селектирањето. Досега има внесено, испитано и збогатено 1.700 странски и домашни сорти на овошја, од кои најперспективните се воведени во големо производство. Има подигнато и проектирано голем број плантажи, автор или коавтор е на 260 научни и стручни трудови и осум книги и учебници.
Покрај бројните предности, фстакот (Pistacia Vera) ретко се сади дури и во македонските домаќинства, според тврдењата на проф. д-р Борис Ристевски, еден од најценетите македонски научни работници во овоштарството. Како на овие простори, така и во светот оваа овошка е дефицитарна и покрај тоа што е украс на градината и е значително поотпорна на суша од другите култури.
Фастакот спаѓа во групата на јужни суптропски овошја, но според д-р Ристевски, како резултат на по- големата отпорност на мраз, може да се преобрази во топлољубиво долговечно континентално растение.
Еден од доказите за долговечноста се наоѓа во паркот на Земјоделскиот факултет во Скопје. Во далечната 1970 година на подлогите на Pistacia Terebintus (смрдливка) – див вид на фстаци кој опстојува во Македонија, окалемени се десетици гранчиња на Pistacia Vera. Овие овошки се развија и раѓаат веќе четириесет години, издржувајќи на температури и од 26 степени под нулата.
Од Иран, Турција, Сирија и некои земји од Медитеранот, каде што се одгледува на плантажи, фстакот е донесен во Европа.
„Плодовите се ситни со бели тврди семки кои пукаат при созревање и го ослободуваат мошне вкусното зеле- но јадро”, вели д-р Ристевски. Тој додава и дека фстакот се вбројува во најскапите и најквалитетни јаткасти овошја.
Сепак, малку се плантажите во светот кои со лесен транспорт и висока цена го поттикнуваат садењето во Грција, Калифорнија, САД итн. Големата отпорност на суши овозможува да се одгледува во подрачја во кои просечното количество на дождови во текот на годината изнесува дури 20-30 милиметри.
Веќе во првата година, главниот корен продира во тлото до метар и половина, а по повеќе години и до 25 метри. Инаку, добивањето на садници од семето не е комплицирано. Семињата од диви фстаци се сеат на постојано место и по година до две се калеми благородната сорта.
Фстакот е двополово растение има и машки и женски единки. Се садат десет женски и едно машко. Некогаш меѓуредовото растојание изнесувало 10-15 метри, додека денес тоа е шест метри на плантажите во светот, а растојанието помеѓу овошките во редот изнесува 2-3 метри. Во такви густи насади бербата може да изнесува и до шест тона по хектар, под услов редовно да се наводнува. Опрашувањето на фастакот е со ветер.
Како резултат на значителната отпорност на суши, успева на земјишта на кои не расте дури ни плевелот. Може да се сади и во викенд-зоните затоа што не бара заштита и наводнување, а го украсува просторот.
Листовите му се крупни, со темнозелена боја, а плодовите се групирани во гроздови. Тоа е единствено широколисно дрвенесто растение кое, благодарејќи на смолните канали, ослободува специфичен пријатен мирис. Добар пример за тоа се бројните викенд-населби во околината на Скопје во кои стеблата од пи- том костен и орев се заменети со фстаци. По само две-три години фстаците ги даваат првите плодови, коишто и покрај сушата и неквалитетното земјиште, добро се развиени.
Постојат повеќе видови на фстаци. Поценети се оние со крупни плодови и поголем процент на распукани лушпи. Во споредба со другите јаткасти плодови содржат помалку масти (55-60%), повеќе белковини (20-26%) и имаат подобар аминокиселински состав.
„Врз основа на повеќедецениското искуство, тврдам дека оваа овошка може да се одгледува во средниот и јужниот дел на Македонија, во карпестите предели на кои ни трева не опстојува”, вели д-р Ристевски.


Нема коментара