ОБЈАВЕНA ТРЕТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“
Деновиве на Youtube е поставена третата епизода од документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Ребека Бејли и Стефо Нанцу на кои авторот им упатува посебна благодарност. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.
Третата епизода исто така е посветена на сведоштвата од познатиот антички историчар Аријан, кој живеел во првиот и вториот век. Пишувајќи за поразот на персискиот цар Дарие од страна на Александар Велики Македонски, Аријан (21 поглавие), анализирајќи ја неговата судбина, заклучува:
„Се случи тој да води војна против Македонци и Грци токму во времето кога ја наследил кралската моќ...“
Ваквото раздвојвање го среќаваме и во описот на Аријан за походот на Александар против Мардијците (средноазиски народ). Во 24-то поглавие читаме:
„Враќајќи се кон кампот од каде што започна да ја освојува земјата на Мардијците, тој (Александар) откри дека таму стигнале грчките наемници на Дарие, придружувани од гласници Спартанци кои престојувале во амбасадата на кралот Дарие... Тие биле уапсени и спроведени под стража, но притоа биле ослободени гласниците Синопејци бидејќи тие не учествувале во сојузот на Грците поради тоа што се наоѓале под персиска власт... Тој исто така ги ослободил и останатите Грци кои работеле за плата кај Персијанците пред склучувањето на мирот и сојузот што бил направен помеѓу Грците и Македонците.“
Како објаснување на овој цитат ќе го кажеме следното. Македонците, за време на освојувањето на земјата на Мардијците, заробиле делегација составена од Грци, која била во служба на Персија. Отпрвин сите нејзини членови биле уапсени и спроведени под стража, но подоцна оние Грци, кои работеле за Персијанците поради тоа што дотогаш биле државјани на Персија, биле ослободени, додека останатите (некои Спартанци) останале заточени затоа што работеле против Македонија во времето по воспоставувањето на "сојуз" помеѓу Македонците и Грците против Персија.
Аријан (поглавие 26) ги потенцира разликите помеѓу Македонците и Грците и кога пишува за убиството на македонскиот генерал Парменион, кој бил обвинет за заговор против Александар. Овде Аријан ја спомнува: „...почитта што ја имал, како од страна на Александар, така и од целата војска и тоа не само од Македонците, туку ито така и од грчките помошни трупи.“
И кога пишува за поразот на Скитите зад реката Танаис, Аријан повторно ги нагласува разликите меѓу Македонците и Грците:
„За дваесет дена тој (Александар) го утврдил градот и го населил со грчки наемници и со некои од околните барбари кои доброволно се пријавиле да живеат во населбата, како и со некои Македонци од неговата војска, кои биле неспособни за служење војска.“
Третата епизода од серијата може да се погледне на следниот линк:
Документарен филм со дел од активностите на А. Донски може да се види на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&feature=share
Авторот и продуцентите упатуваат апел до сите македонски патриоти и пријатели на Македонија да го поддржат снимањето на серијата до крај, за што дополнителни податоци ќе најдат на следниот линк: https://www.gofundme.com/aleksandardonski .
Приклучете се и Вие кон македонските патриоти и пријатели на Македонија кои го помагаат снимањето на серијата која ќе го нанесе досега најголемиот удар против грчката анти-македонска пропаганда!
Воедно се повикуваат сите да ги испраќаат линковите од веќе снимените епизоди од серијата до што е можно поголем број странски субјекти.
Македонска нација
mn.mk
mn.mk
Post a Comment