Соколани




Соколани
1920-1941 година

 Овој период претставува пра-почеток на посебен културно-спортски развој во малите места низ Македонија. Иако под мотото "Јакнење на духот на Кралството " (јачање духа Краљевине) и во врската со религијата, никулците на организираниот културен живот во малите места почнуваат да се најавуваат. 
Во времето на Кралството СХС и подоцната Кралството Југославија (1929-1941), постоеле концепт за културен и духовен (не верски) развој на населението и тоа во периодот на доцните дваесетти и четириесете години по сите срезови (срезови = општина) се граделе соколани кои претставувале објекти наменети за духовен и телесен развој на младите. 


Во рамките на овие соколани покрај физичките вежби кои ги изведувале млади, постојано гостувале патувачки театри и театарски друштва, во нив вежбале и настапувале локални оркестри како и младински, театарски, уметнички, поетски и разни групи кои своите активности ги изведувале во соколаните.Секоја година по неколку пати се подготвувале сериозни прослави и културни содржини за разни верски празници како Велигден, Ѓурѓовден, денови на Кралството ... 
Сево ова покажува дека уште тогаш постоел  некаков концепт за спортско-културен развој на малите заедници. Битно е да се напомене дека одржувањето на соколаните и нивните активности биле финансирани од државата.

Нема коментара