Facebook ќе ја лансира криптовалутата GlobalCoin







Медиумите почнаа да пишуваат дека Facebook идната година планира да ја лансира својата криптовалута, која веројатно ќе го носи името Global Coin. Валутатат првично ќе биде лансирана во само десетина земји и Facebook може да го почне тестирањето до крајот на годинава.


GlobalCoin ќе биде различна од другите дигитални платежни системи затоа што корисниците ќе можат да ја користат валутата дури и ако немаат сметка во банка. Криптовалутата ќе им овозможи на корисниците на Facebook да вршат размена од долари и други интернационални валути директно во дигитални пари. Потоа тие пари ќе може да се користат за купување на Интернет, па дури и за префрлање пари на други корисници.

Како што пишуваат медиумите, Цукерберг изјавил дека со новиот систем праќањето пари ќе биде толку лесно и брзо како испраќање фотографија. Facebook исто така планира да им плаќа мали суми на корисниците што редовно ќе гледаат реклами или други интересни содржини додека купуваат онлајн слично како на шемите за лојалност на трговците.



Facebook, наводно, е во преговори со повеќе онлајнтрговци за прифаќање на валутата за помал надомест. Според написите, Facebook ќе ја одреди вредноста на GlobalCoin во споредба со друи светски етаблирани валути како што се американскиот долар, еврото и јапонскиот јен за да се стабилизира вредноста на дигиталната валута.

За да го поддржи проектот Facebook бара инвестиции од 1 милијарда долари и досега има одржано разговори со платежни гиганти од рангот на Visa и Mastercard.

inovativnost.mk

Нема коментара