НАЈСТРАШНАТА СНИМКА ОД ЧЕРНОБИЛ: Човекот кој ја направил починал два месеци потоа (ВИДЕО)


Новата серија на HBO „Chernobyl“ е апсолутен хит во светот, а на IMDB моментално има оценка од 9,5, што е повеќе од неодамна завршената „Игра на тронови“ и легендарниот „Брејкинг Бед“.

„Чернобил“ со реален приказ на една од најголемите катастрофи предизвикани со човечки фактор привлече внимание на светската јавност, а особено во посткомунистичките и постсоветски земји.

Од друга страна, за најголемата нуклеарна катастрофа малку се знае, што е уште еден фактор за успехот на серијата. Советските власти се обидувале да прикријат, па и да ги ублажат нејзините последици, но ветерот радијацијата ја однел до скандинавските земји по што целиот свет дознал за хаваријата.



Снимките направени непосредно по нуклеарната катастрофа се ректи. Постојат кратки секвенци, како онаа од падот на хеликоптер кој гаснел пожар. И таа трагедија советските власти се обиделе да ја сокријат, но снимката од падот на леталото, која ја направил Шевченко и погинувањето на екипажот се појави на интернет. Сцената од падот на хеликоптерот на кој му застанал моторот при силна изложеност на радијација е додадена и во серијата.

Сепак, на интернет постои снимка која се издвојува од сите, а направена е непосредно по катастрофата.



Ја направил украински ТВ снимател и филмски режисер Владими Шевченко. Бидејќи работел за украинската централна телевизија поседувал документ кој му дозволувал пристап секаде, па и до самата електрана по експлозијата.Тој така направил автентични снимки од електраната само неколку дена по експлозијата. Со тоа го жртвувал својот живот, бидејќи два месеци подоцна починал како последица на радијацијата. Соработникот кој го следел успеал да преживее, но исто така поради изложеност на радијација бил во болница.


Нема коментара