СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА-КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО
КОМИСИЈАТА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, на 15-та седница одржана на 10 февруари 2015 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:
ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ:
Пратеникот Љупчо Димовски, поддржувајќи го предложениот закон, истакна дека со истиот се врши усогласување со Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, а особено во делот со кој се врши доуредување на овластувањата на инспекторот по шумарство при вршењето на работите од негова надлежност.
Исто така укажа дека е добро решението предвидено во новиот член 84-а, бидејќи со истото се зацврстува системот на контрола и времено или трајно одземање на службено оружје кое го должат службените лица, во случај кога против нив се води постапка за било каков вид на насилство, односно постојат околности дека може да биде извршена злоупотреба на службеното оружје од нивна страна. Истовремено истакна дека со предложениот закон е предвидено да се води евиденција на исечената дрвна маса во државна ниско стеблена шума од страна на физички лица и дека истата ќе се води во електронска и хартиена форма, при што ќе се користи матичниот број на купувачот. Во оваа смисла укажа дека ваквите податоци ќе се чуваат десет години.
ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО:
Љупчо Димовски во својата дискусија истакна дека со овој предлог на закон се врши усогласување со Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирани дејности односно инспекторатот ќе постапува согласно и овој закон. Согласно овластувањата кои ги има инспекторатот и со овој закон е особено важно за земјоделството во Република Македонија. Надлежностите на овој инспекторат се обемни. Со овој закон дополнително се задолжуваат со надлежности, а со тоа и зголемување на обемот на работата. Во понатамошната дискусија пратеникот ги наброи основните работи кои ги извршува овој инспекторат.
ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМАРСКА И ЛОВНА ИНСПЕКЦИЈА:
Поддржувајќи го предложениот закон, Димовски истакна дека со истиот се врши усогласување со Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност. Истовремено укажа дека со предложениот закон се регулира кој ја издава и одзема службената легитимација на инспекторот, односно наместо министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство се предвидува ваквото овластување да биде во надлежност на директорот на инспекторатот. Покрај ова истакна дека е добро решението со кое се предвидува инспекторите при вршењето на инспекцискиот надзор, доколку извршат привремено одземање на документи, материјали и други предмети, истите да бидат должни да му ги предадат на надлежниот орган за понатамошно постапување.
ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ;
Во својата дискусија Љупчо Димовски истакна дека Агенцијата за храна и ветеринарство е релативно млада институција во смисла на времето на нејзиното основање и функционирање. Во врска со ова постапено по насоките и директивите од Европската комисија за создавање на еден интегриран систем за контрола и безбедност на храната. Агенцијата располага со соодветен и мошне стручен кадар кој во број не е во потполност но во целоост ги извршува задачите согласно законот. Во овој дел од страна на Европската комисија во Извештајот се добиваат најпозитивни оценки. Пратеникот истакна дека благодарение на добрата работа на агенцијата, граѓаните можат да бидат сигурни дека користат здрава, квалитетна и безбедна храна за своите потреби. Со овој предлог на закон се прави јасна дистинкција на ингеренциите на двете институции мислејќи на Државниот земјоделски инспекторат кој има ингеренции во примарното производство на сточната храна и Агенцијата за храна и ветеринарство која има ингеренции откога истите ќе влезат во преработувачките објекти.
На предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство Владата на Република Македонија усвојува Програма за мониторинг за безбедност на храната за животни кој според пратеникот е особено важен документ согласно кој документ агенцијата ќе има задолженија кој треба да ги изврши во одреден временски период и сето ова е во прилог на сигурноста на граѓаните, се гарантира дека консумираат здрава и безбедна храна и ќе бидат исклучени било какви последици по нивното здравје. На крајот од својата дискусија пратеникот ја истакна поддршката за донесување на овој предлог на закон
јануари 2015 година
Post a Comment