САД се разведуваат од Европа


Европа е во очекување на самитот на НАТО кој ќе се одржи на 11 и 12 јуни во Брисел. Пред овој состанок Пентагон темелно ги анализираше трошоците на сите сојузници за колективната одбрана. Се покажа дека одбранбените буџети на членовите на НАТО не ги одразуваат реалните потреби на Алијансата. Меѓу дваесет и деветте членки, само САД се навистина сериозни во врска со своите обврски и трошат околу 700 милијарди долари или 3,5 отсто од БДП за одбрана. Ниту еден член на НАТО не е ни блиску до оваа пропорција, а огромното мнозинство не успева дури да ги исполни потребите за да одвои најмалку 2 отсто од БДП за одбрана.

Доналд Трамп постојано ги предупредува земјите-членки дека Америка повеќе нема да го носи главниот товар. Време е Европа да си плати за себе. "Ќе му кажам на НАТО дека мора да почнат да ги плаќаат сметките", изјави Трамп на 5-ти јули на Монтана. Тој е подготвен да започне со Германија. Претседателот гласно размислуваше за вредноста што САД ја плаќаат за колективната одбрана на Германија. Сега САД ги анализираат трошоците и повратот при големото повлекување или трансфер на американските трупи стационирани во Германија. Без сомнение, балтичките држави се следни.

Јасно е дека Трамп го започнува процесот на ограничување на улогата на Америка во НАТО. Долго време членките на НАТО  ветуваа, но не направија ништо за зголемување на одбраната. Млитавите обиди на некои земји да ги исполнат условите не ја спасија ситуацијата.


Ако НАТО ги намали своите огромни финансиски инјекции во буџетот на Алијансата, целиот систем на европска одбрана, а особено одбраната на балтичките држави, ќе стане илузивен и недостижен. Најлошите кошмари на Балтичките држави се остварија. Не е тајна дека чувањето на голема војска во странство веќе ја истроши државната каса,Стационирање многу војска во бројни стратешки странски држави чини огромна сума на пари. Додека балтичките држави и Полска бараат се повеќе и повеќе американски и НАТО војници и бази, САД не се обидуваат да ги задоволат желбите на сите. Доволно е, трпеливоста е завршена, а прагматизмот го победи сочувството.

Бидејќи многу зависи од американската финансиска поддршка, НАТО се обидува да не дојде на работ на колапс.

Станува очигледно дека Трамп повеќе се однесува како бизнисмен одколку како политичар. Тој е успешен во својот бизнис и го пренесува својот модел на однесување во политиката.  Доналд Трамп дури и ја акцентира главната тема на неговата администрација а "Америка прво"  навистина функционира. САД не сакаат да се расфрлаат со пари, не сакаат да веруваат во "искрената волја" на Европа да биде на исто рамниште во НАТО. Трамп-бизнисменот преовладува над Трамп-политичарот. Ние сме во пресрет на глобалните политички промени. Како "секој човек за себе во бизнисот", Америка нема да плаќа за слабите партнери. Трамп: "Драг Балтику, ништо лично, тоа е само бизнис".

www.opednews.com

By  

Нема коментара